Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Турција пристигна првиот брод со пченка од Украина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Во Турција пристигна првиот брод со пченка од Украина
Агровест

Во Турција пристигна првиот брод со пченка од Украина

Објавено 09/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првиот од неколкуте бродови што ја напуштија Украина, во согласност со договорот за деблокирање на извозот на жито, пристигна вчера на својата дестинација во Турција. Станува збор за „Поларнет“ кој вплови во турското пристаниште Деринче натоварен со пченка, пишува Anadolu Agency.

Пристигнувањето на бродот го потврди и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Тој на својот Твитер напиша дека „ова испраќа порака на надеж до секое семејство на Блискиот Исток, Африка и Азија: Украина нема да ве напушти. Ако Русија се придржува до своите обврски, „житниот коридор“ ќе продолжи да ја одржува глобалната безбедност на храната“.

По шест месеци чекање во украинското пристаниште на Црното Море, капетанот на бродот Ахмет Јуџел Алибејлер не го криел задоволството кога конечно отпловил до својата крајна дестинација. Тој објасни дека на 11 февруари донел 11.000 тони уреа во пристаништето Черноморск, но не успеал да се врати пред да избие војната. Успеале да го истоварат бродот и чекале излез од пристаништето. Но, останале заробени, бидејќи веќе не било безбедно да се плови. Тој објаснува дека ситуацијата била стресна и дека морнарите шест месеци не ги виделе своите семејства и татковината.

First vessel with Ukrainian grain has reached customers in Türkiye. This sends a message of hope to every family in the Middle East, Africa, and Asia: Ukraine won’t abandon you. If Russia sticks to its obligations, the “grain corridor” will keep maintaining global food security. pic.twitter.com/rsSRrsVSUa

— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) August 8, 2022

Капетанот рече дека под координација на Заедничкиот координативен центар на 5 август испловиле два брода од пристаништето Черноморск и еден од Одеса и истакна дека патувањето го направиле со помош на придружба. По увидот во Истанбул им било дозволено да го преминат Босфор и да стигнат до заливот Измит.

Во контакт со пристаништето Деринце ќе започнат со истовар, бидејќи официјалните процедури за влез се завршени.

Тој истакна дека долги години се занимава со оваа работа која ја врши професионално, но дека бил презадоволен кога поминал под мостовите на Босфорот. Среќен е што конечно е дома заедно со екипажот и жали за војната бидејќи неколкупати одел во Русија и Украина превезувајќи разни товари и бил добро примен.

Вкупно 12 брода добија дозвола во рамки на договорот за житарки меѓу Украина и Русија, од кои десет имаат дозвола да заминат, а два се упатиле кон Украина. Околу 322.000 тони земјоделски производи ги напуштиле украинските пристаништа досега, главно пченка, но и сончогледово масло и соја.

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Турција со историски рекорд во земјоделството
Турција воведува квота за увоз на сончоглед и сончогледово масло
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Таг:дмитро кулебаполарнетТурцијаУкраина
Претходен напис ТИРЗ: Заклучно со јули во зоните отворени над 1 100 нови вработувања
Следен напис Летонија инвестира милијарда евра во ветерници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?