Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Тиквеш“: Новата дигитална технологија за следење на состојбата на лозовите насади станува достапна и во земјава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > „Тиквеш“: Новата дигитална технологија за следење на состојбата на лозовите насади станува достапна и во земјава
Растително производство

„Тиквеш“: Новата дигитална технологија за следење на состојбата на лозовите насади станува достапна и во земјава

Објавено 22/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
facebook
Сподели
Ad imageAd image

Употребата на дигиталната технологија и воведувањето современи практики во производството на грозје, кои се темелат на научни истражувања и мерења, ќе овозможат подобро да се искористи големиот потенцијал со кој располага Македонија за производство на квалитетни вина со висока додадена вредност, беше речено на презентацијата на мобилната апликација за мониторинг на состојбата на лозовите насади „4Grapes“.

Апликацијата преку дигитална обработка на податоци од теренот им овозможува на агрономите и лозарите, на брз и едноставен начин, да добијат навремена и јасна слика за тековната состојба на лозовите насади, како и навремено да ја проценат можноста од појава на несакани промени и болести на лозите.

Фото/facebook

Како што информираат од винарската визба „Тиквеш“, ова ново современо софтверско решение станува достапно и за агрономите и производителите на грозје во земјава.

Карактеристиките и придобивките што ги нуди оваа софтверска апликација беа претставени на средбата на тема „Следење на штетници и болести на виновата лоза во тиквешкиот регион“ што се одржа во М6 Едукативниот центар. Презентацијата беше организирана во рамки на транснационалниот проект „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци за локална и еколошка одржливост“, финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка, а во чија реализација е вклучена и „Тиквеш“.

– Оваа активност е дел од партнерството што го гради и негува „Тиквеш“ со производителите на грозје, а во чии рамки винарската визба континуирано обезбедува поддршка во форма на стручни совети и едукација во процесот на одгледување и заштита на лозјата, заради воведување на светските стандарди и критериуми за квалитет во лозарството кои се од клучно значење за производството на вина со врвен квалитет, велат од винарската визба.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Златен медал за црвеното вино „Babuna 2023“ на „Тиквеш“ и нови меѓународни признанија
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Таг:„4Grapes“лозјеТиквеш
Претходен напис До четврток променливо и посвежо време, за викендот сончево
Следен напис Дезинсекција против крлежи на подрачјето на Куманово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?