Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сузана Димитриевска, органски производител: Македонија е создадена за производство на квалитетна храна!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Сузана Димитриевска, органски производител: Македонија е создадена за производство на квалитетна храна!
Органско производство

Сузана Димитриевска, органски производител: Македонија е создадена за производство на квалитетна храна!

Објавено 30/05/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сузана Димитриевска е еден од првите и најголеми органски производители во земјава. Со својата органска фарма „Липа“, лоцирана во селото Мустафуно, Свети Николе таа е меѓу првите извозници на органски производи, кои ги произведува на 52 хектари. Органското гравче, спанаќ, но и житарки, сточна храна, грозје и кајсии, потоа наут, органско црвено вино-Мерло, маџун и домашна ракија се меѓу продуктите кои ги произведува и продава на нашиот пазар. Речиси десетина години и извезува органски грав во Швајцарија.

Фото/Facebook

Во интервју за Иновативност, Димитриевска вели дека нашата мала земја е одлично поднебје за производство органска храна, која е нашиот билет за освојување на светските пазари.

„Органското производство е младо производство, неговите почетоци се во 2002 година, a домашниот органски пазар сè уште може да се каже дека е неразвиен. Заради фактот што производството е многу мало немаме ниту континуирано снабдување со органски домашни производи. Нивото на поврзаност помеѓу производителите и купувачите, во кои влегуваат и институциите како училиштата или градинките е ниско. Но, и покрај сето ова, во последните години мора да забележиме дека површините под органско производство постојано се зголемуваат. И купувачите стануваат сè повеќе свесни за квалитетот на македонските органски продукти, но и за тоа кои се придобивките од нивното консумирање“, вели Димитриевска.

Фото/Facebook

Димитриевска смета дека нашата земја има огромен потенцијал за развој на органското производство.

„Што се однесува до потенцијалот на органското производство во земјава, тој е огромен, а има и одличен глобален интерес за нашите органски производи. Добро е што бројот на производители постојано расте, но и што се отворија неколку мали продавници на органски производи каде што овие продукти се лесно достапни за купувачите. Цената на репроматеријалите и ѓубривата за органско производство се изедначени со тие за конвенционалното производство. Сепак, сè уште ни треба едукација дека со органските препарати создаваме здрава почва, а со конвенционалното производство ја уништуваме.“

„Ако зборуваме за најголемите предизвици со кои се соочуваат органските производители, тогаш тоа се малите количините што се извезуваат на странските пазари. Можеби едни од главните причини за тоа е што имаме малку преработени и складирани органски производи.“, вели Димитриевска.

Димитриевска посочи кои се најинтересни култури за органско производство кај нас.

„Досега, може да забележиме дека меѓу најинтересните култури за органско производство кај нас се гравот, ајварската пиперка, житата, разните овошја, кои се преработуваат и се продаваат и со додадена вредност како сокови, потоа лешниците, кои се преработуваат во органски путер, медот и производите од пчели, диворастечките производи, печурките, но и сточната органска храна и органското јагне. Исто така имаме и мали производители на разни видови салати и зеленчуци кои се продаваат преку социјалните мрежи. Младите производители на органски путер од лешник веќе го продаваат и во гифт шоповите на скопскиот аеродром.“

Таа смета дека потрошувачите се свесни дека треба да купуваат органски производи и да ги поддржуваат локалните производители, но и дека пречка е повисоката цена.

„Поради ниската куповна моќ и но и сè уште ниската свест за придобивките од органските производи купувачите не даваат доволно поддршка на локалните економии со органско производство. Знаеме дека голем дел од купувачите би купиле органски производ, но не се подготвени да ја платат повисоката цена, која најчесто е диктирана од трговците. Затоа треба да работиме на градење врски за купувачите да добијат можност да купуваат директно од органскиот производител на неговата фарма за многу пониска цена.“

Димитриевска смета дека не треба да ја испуштаме можноста да се преориентираме што побрзо и да се позиционираме како земја на светскиот пазар како етаблиран органски произведувач.

„Сметам дека е потребно е да се инвестира во доработка и складирање на органските производи за да може да се достигне реалната цена. Исто така потребен е и развој на консултантска подршка за премин од органско во конвенционално производство. Во земјава има многу поволни агро-еколошки услови за органско производство и можност за мешовити посеви, со кои ќе се решат многу проблеми. Заради тоа не треба да ја испуштаме можноста да се преориентираме што побрзо и да се позиционираме како земја на светскиот пазар како етаблиран органски произведувач.“

Целото интервју можете да го прочитате на Иновативност.мк

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна
Таг:сузана димитриевска
Претходен напис МЗШВ бара од пратениците едногласно да го усвојат Законот за земјоделство и рурален развој како приоритетен на денешната пленарна седница на Собранието
Следен напис Намалено нивото на реките, езерата во рамки на просекот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?