Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Субвенционирање на КАМАТНА СТАПКА, предвидува новиот закон за земјоделство и рурален развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Субвенционирање на КАМАТНА СТАПКА, предвидува новиот закон за земјоделство и рурален развој
Субвенции

Субвенционирање на КАМАТНА СТАПКА, предвидува новиот закон за земјоделство и рурален развој

Објавено 21/05/2025
Сподели
7 мин. за читање
agriculture industry, farming and animal husbandry concept - herd of cows eating hay and man in cowshed on dairy farm
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство со новиот Закон за земјоделство и рурален развој врши услогласување со последната ЕУ легислатива во делот на земјоделската политика. Законот е поставен на увид и за еден месец ќе биде во собраниска процедура.

Субвенционирање на каматна стапка

Член 154

(1) Субвенционирање на каматна стапка е помош во земјоделството и руралниот развој кој обезбедува полесен пристап за финансирање, финансиски придонес и поделба на кредитниот ризик во смисла на намалувањето на каматната стапка на кредити наменети за земјоделство и рурален развој како примарно земјоделско производство, преработка на земјоделски производи и трговија на земјоделски производи.

(2) Помошта од став (1) на овој член е за кредити кои имаат годишна каматна стапка во висина до 8% на годишно ниво, кои се исклучиво пласирани од банки и штедилници со дозвола за работа од Народната банка на Република Северна Македонија за период до 10 години и тоа за инвестиции кои се финансирани од инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија и истите не се повисоки од 500.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Северна Македонија утврден на денот на склучувањето на договорот за кредит.

(3) Помошта од став (1) на овој член е за кредити кои имаат годишна каматна стапка во висина до 8% на годишно ниво, кои се исклучиво пласирани од банки и штедилници со дозвола за работа од Народната банка на Република Северна Македонија за период до 10 години за инвестиции кои се финансирани од програмите од член 10 став (1) од овој закон, за кредити не повисоки од 1.200.000 денари за инвестиции за поддршка за унапредување на физичкиот потенцијал од член 126 став (2) точка 4 и/или 10.000.000 денари за набавка на живи животни и повеќегодишни растенија.

(4) Помошта од ставовите (2) и (3) на овој член е во висина од 50% од висината на каматната стапка на годишно ниво. Висината на помошта од став (2) и (3) на овој член може да биде и повисока од 50% во согласност со член 131.

(5) Корисници на помошта за субвенционирање на каматна стапка се физички и правни лица корисници на финансиски средства од инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија и програмите од член 10 став (1) од овој закон.

(6) За остварување на помошта за субвинционирање на каматна стапка, лицата од став (5) на овој член по склучувањето на договор за кредит до Агенцијата доставуваат барање со документација за исполнетост на условите од ставовите (2) и (3) на овој член.

(7) Начинот на спроведување на помошта од став (6) на овој член ја пропишува директорот на Агенцијата по претходно позитивно мислење од Министерството.

Кофинансирање на банкарски гаранции

Член 155

(1) Кофинансирање на банкарски гаранции e финансиски инструмент во земјоделството и руралниот развој кој обезбедува полесен пристап за финансирање, финансиски придонес и поделба на гарантниот ризик во смисла на намалувањето на гаранцијата-хипотеката на кредити наменети за земјоделство и рурален развој како примарно земјоделско производство, преработка на земјоделски производи и трговија на земјоделски производи.

(2) Кофинансирање на банкарски гаранции се врши со исплата на финансиски средства во висина и под услови утврдени со домашен и/или меѓународен договор за банкарски гаранции за земјоделство и рурален развој во Република Северна Македонија ратификуван согласно со Уставот на Република Северна Македонија.

(3) Министерството воспоставува Национален рурален кредитен гарантен фонд кој работи согласно Законот за воспоставување на гарантни фондови во Република Северна Македонија.

(4) Средствата потребни на министерството за учество во придонесот за целите од меѓународниот договор од став (2) на овој член се утврдуваат во програмите од член 10 став (1) од овој закон.

(5) Мерката за кофинансирање на банкарски гаранции се реализира со барање од министерството до Агенцијата за исплата на средствата согласно со меѓународниот договор од став (2) на овој член.

Кофинансирање на дисконтен фонд

Член 156

(1) Кофинансирање на дисконтниот фонд e финансиски инструмент во земјоделството и руралниот развој кој обезбедува полесен пристап за финансирање, финансиски придонес и поддршка на постојаниот кредитен систем наменет за земјоделските стопанства, а се реализира преку финансиските инстититуции.

(2) Кофинансирање на дисконтниот фонд се врши со исплата на финансиски средства во висина и под услови утврдени со Националната стратегија, со домашен и/или меѓународен договор за поддршка на земјоделство и рурален развој во Република Северна Македонија, ратификуван согласно со Уставот на Република Северна Македонија.

(3) Средствата кои се наменети за земјоделскиот кредитен дисконтен фонд се исклучиво наменети за откуп на земјоделски производи, за откуп и исплата на земјоделските производи од растително и сточарско потекло, а истиот од корисникот на средствата под услови од став (6) на овој член да биде вратен од страна на корисникот на помошта во период не повеќе од една година.

(4) Дисконтниот фонд ќе го управува Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје во согласност со Законот за банките и Законот за Развојната банка на Северна Македонија.

(5) Средствата потребни на министерството за учество во придонесот за целите од домашниот договор и/или меѓународниот договор од став (2) на овој член се утврдуваат во програмите од член 10 став (1) од овој закон.

(6) Мерката за кофинансирање на дисконтниот фонд се реализира со барање од Министерството до Агенцијата за исплата на средствата согласно домашниот договор и/или меѓународниот договор од став (2) на овој член.

МЗШВ ве повикува да го разгледате новиот закон и да дадете ваш коментар на следниот линк.

https://ener.gov.mk//Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=110421

Може да ви се допадне

Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите, целта е да го унапреди здравјето на граѓаните
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Таг:законмеркисубвенции
Претходен напис Пламеница на КОМПИР и ДОМАТ Phytophora infestans
Следен напис Со новиот Закон за земјоделство и рурален развој – 70% СУБВЕНЦИИ од висината на ПРЕМИЈАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?