Кавадарци продолжува да создава нови можности за лозарите, винарството и туризмот.
Во изминатиот период работевме на поддршка на малите и семејните винарии од нивно здружување и буџетска поддршка, до Вински музеј, винотеки, настани и брендирање. Биопазарот е во завршна фаза и очекуваме да биде готов во наредните еден до два месеци. На него ќе се продаваат производи од грозје, но и широк спектар на други органски и локални производи.
Денес добивме потврда дека тие активности се препознати и надвор од нашата земја.
По средбата со Јоланда Пердомо, експерт на ОН за туризам, денес го добивме официјалниот одговор за започнување пилот-проект за вински туризам, во партнерство со Занаетчиската комора на Македонија и Кластер центар за развој на туризмот од Црна Гора.
Ова е само почеток. Со измените на Законот за винарии, државата ќе кофинансира до 50% за нови мали винарии, а постапките за обезбедување локации ќе бидат олеснети.
Од лозарството и винарството кон нови производи, нови инвестиции и вински туризам.
Фејсбук статус на Митко Јанчев – Градоначалник на Општина Кавадарци
