Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пламеница на КОМПИР и ДОМАТ Phytophora infestans
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Пламеница на КОМПИР и ДОМАТ Phytophora infestans
Совети

Пламеница на КОМПИР и ДОМАТ Phytophora infestans

Објавено 21/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Причинителот на пламеницата кај компир и домат е Phytophora infestans, најопасен паразит кој редовно се појавува кај овие култури и значителни штети предизвикува при влажно време. Пламеницата може да ги уништи листовите и стеблото кај компирот и доматот во било кое време од вегетацијата.

Ги напаѓа клубените од компирот и плодовите на доматот кои гнијат и скапуваат во поле или при складирање. Инфекцијата се шири при влажно, ладно време и може да предизвика потполно пропаѓање на растенијата во тек на една до две недели. Штетите кај доматот се најголеми ако во фаза на оформени плодови пламеницата се развие со силен интензитет. Симптомите се појавуваат на врвовите или на периферијата на долните листови како неправилни воденести маслинести дамки кои при влажно време се зголемуваат и формираат кафеави некротични зони со нејасно ограничени ивици, по кои од опачината на листот се појавува габата, се инфицира внатрешноста на лиската, а листовите изумираат и венеат. При постојани влажни услови сите осетливи надземни делови поцрвенуваат и прегоруваат, при суви услови развојот престанува. Нападнатите клубени имаат цвренкасто- црни ранички, ако се пресечат ќе се забележи болното ткиво кое е воденесто и се шири во внатрешноста, и по нивно прибирање доаѓа до влажно гниење, пропратено со непријатен мирис.

На доматот габата се пренесува со ветер, најчесто две недели подоцна од појавата на компирот. Габата се развива односно заразата се шири при релативна влажност од 90-100% и температура од 16-22°C. Р`тливоста се губи за 3до 6 часа доколку релативната влажност е под 80%.

Извор – Агрометео УХМР

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:компирпламеницасовети
Претходен напис (ВИДЕО) Трипуновски: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците
Следен напис Субвенционирање на КАМАТНА СТАПКА, предвидува новиот закон за земјоделство и рурален развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?