Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Струмица вечерва е домаќин на регионалниот Фестивал на храна и вино, во рамките на иницијативата Отворен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Струмица вечерва е домаќин на регионалниот Фестивал на храна и вино, во рамките на иницијативата Отворен Балкан
Саеми и манифестации

Струмица вечерва е домаќин на регионалниот Фестивал на храна и вино, во рамките на иницијативата Отворен Балкан

Објавено 07/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Струмица вечер е домаќин на регионалниот Фестивал на храна и вино, во рамките на иницијативата Отворен Балкан. По успешната реализација на првиот Меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, кој од 1 до 4 септември се одржа во Белград, во Струмица продолжува промоцијата на најдобрите вина и највкусната автентична храна од земјава, соопштија од Владата.

Овој фестивал на вино и храна се одржува во соработка со реномираната организација „Егзит“ во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг „Get EXITed“ каде покрај богатата музичка програма, ќе биде понудена и специфична и интересна ено-гастрономска програма.

Фестивалот на храна и вино бесплатно ќе биде отворен за сите посетители и ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица, а ќе ги понуди најдобрите регионални и локални винарии, регионални изложувачи на храна како и произведувачи на традиционални органски специјалитети од македонската кујна.

Присутни ќе бидат најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците на СОУ „Димитар Влахов“ од угостителско -туристичката струка, профил готвач, кои заедно ќе подготвуваат локални специјалитети. Дел од саемот ќе бидат и штандовите на малите произведувачи и земјоделци со органски производи. Во соработка со музичкиот хепенинг Get EXITed планирана е програма проследена со концерти кои ќе траат од 19:00 до 04:00 часот.

-Регионалниот Фестивал на храна и вино во Струмица, кој се реализира во рамките на иницијативата Отворен Балкан, претставува одлична можност за уживање во сортните македонски вина, автентичната македонска храна и светските музички ноти, додаваат од Владата. На големата „Get EXITed“ забава вечер во Градскиот парк во Струмица ќе настапат возбудливите имиња од светската и регионалната музичка сцена – Дебора Де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар. Поддршката од домашната сцена пристигнува со настапите на Дина Јашари и Другари, 21 Век и диџеите Гоце С.А.Ф. и Чваре (Фанки Фреш).

Може да ви се допадне

Во Струмица Саем на социјални иновации – UPSHIFT
Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
Општина Струмица: До 3 март треба да се дополнат барањата за легализација на бесправно изградени објекти
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Таг:егзитструмицахрана и вино
Претходен напис Владата со мерки за заштита од африканска чума кај свињите: Засилен отстрел на диви свињи, Царинската управа да ги интензивира контролите…
Следен напис Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?