Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата со мерки за заштита од африканска чума кај свињите: Засилен отстрел на диви свињи, Царинската управа да ги интензивира контролите…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата со мерки за заштита од африканска чума кај свињите: Засилен отстрел на диви свињи, Царинската управа да ги интензивира контролите…
Агровести

Владата со мерки за заштита од африканска чума кај свињите: Засилен отстрел на диви свињи, Царинската управа да ги интензивира контролите…

Објавено 06/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Членовите на Владата ја усвоија и Информацијата за преземените мерки од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во однос на појавата на африканска чума кај свињите при што беа донесени задолжувања за надлежните, со цел сузбивање и искоренување на болеста, меѓу кои:

  • Министерството за финансии – Царинската управа да ги интензивира контролите на граничните премини и на аеродромите, при влез во државата, на личниот багаж на патниците и на дневна основа да ја известува АХВ за запленетите производи од животинско потекло и истите нештетно да ги отстранува.
  • АХВ сѐ додека не прогласи стабилна епидемиолошка состојба со болеста африканска чума кај свињите, согласно Законот за ловство да им даде обврска на концесионерите на ловиштата, да извршат засилен отстрел на диви свињи во ловиштата определени со решение од директорот на АХВ, независно од бројот на дозволен отстрел определен во ловостопанските основи за секое ловиште. Во ловните денови да вршат контрола, во присуство на официјален ветеринар на сите учесници во ловот на определени пунктови, независно од тоа дали имаат отстрелано дивеч и да ја почитуваат законската обврска за издавање потврда за потекло на дивеч, делови од дивечот и трофеите од дивечот.
  • на ловиштата во кои се забранува ловот, да вршат пребарување за наоѓање на угинати диви свињи и истите да ги пријават на надлежните официјални ветеринари за земање примероци.
  •  Истовремено, да изработат план за динамиката, начинот на пребарување и мерките за биосигурност, кои треба да се применуваат при спроведување на оваа активност и да го достават до АХВ.
  • АХВ има обврска, во најбрз можен рок, за вршење надомест на штета за уништените (убиени) свињи во сите одгледувалишта (регистрирани) во заштитната зона од три километри.
  • Според задолжувањата, од надлежните ресори потребно е обезбедување помош и поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство за интензивни контроли на дневна основа на патничките и товарните возила кои вршат превоз на животни во соработка со надлежните официјални ветеринари, како и обезбедување потребна механизација за спроведување на контролните и заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста, во најбрз можен рок.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвмеркисвинска чумацаринска управа
Претходен напис Дополнителни 2 денари по килограм за предадено грозје во преработувачки капацитет – Владата едногласно ја усвои новата мерка за поддршка на лозарите
Следен напис Струмица вечерва е домаќин на регионалниот Фестивал на храна и вино, во рамките на иницијативата Отворен Балкан
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?