Во просториите на Општина Струмица денеска ќе се одржи работлиница на тема „Управување и рециклирање на пластична фолија за земјоделските култури во Македонија“. Работилницата се организира по повод завршувањето на истоимената анализа, која ги разгледува тековните практики, предизвиците и можностите за подобро управување со пластичниот отпад што се создава во земјоделското производство.
Настанот, како што вела организаторите, ќе ги обедини претставниците на институциите, локалната самоуправа, бизнис секторот, компаниите за управување со отпад и рециклирање, земјоделските производители, стопанските комори и развојните партнери.
Покрај презентацијата на клучните наоди и препораки од анализата, работилницата ќе овозможи отворена дискусија за можните модели за собирање, рециклирање и повторна употреба на земјоделската пластика, како и за потребните институционални и законски решенија за воспоставување поодржлив систем.
МИА
