Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стресот кај овците по напад на волк остава големи последици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Стресот кај овците по напад на волк остава големи последици
Сточарско производство

Стресот кај овците по напад на волк остава големи последици

Објавено 14/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Присуството на волци е се поголем проблем во Холандија. Речиси не поминува недела без да се слушне за напад на животни. Нивниот број е зголемен, а за нив нема живеалиште и храна. Поради ова, тие се повеќе се принудени да го најдат својот плен меѓу животните што ги одгледуваат сточарите, а најпогодени се овците.

Ветеринарката Маргит Груневелд поминала една година во Дрент истражувајќи го стресот кај стадо овци по напад на волк, пишува Nieuweoogst. Податоците од студијата покажале дека 30 отсто од нападнатите животни не биле гравидни, во споредба со просечните 10 отсто во стадата со кои ги споредувала. Груневелд наведува дека стресот е главната причина за оваа појава.

Во природниот резерват во Дрент, на 21 септември 2021 година, волк нападнал стадо овци и кози кои паселе. Две овци и коза биле еутаназирани, а раните од каснување ги преживеале 16 животни. Груневелд тогаш го започнала своето истражување.

Се претпоставува дека овците биле гравидни во моментот на нападот, но скенирањето во декември покажало голема разлика помеѓу ова и три други стада со сличен состав и големина.

„Речиси 70 јагниња не беа објагнати. Ова не е проблем кај стадата на испаша, но е проблем за сточарите кои одгледуваат овци за производство на месо.“

Стресот од нападот се одразил и на новородените јагниња. Тие често се со помала тежина. Нападнатите овци не се опуштени и постојано се на штрек, за разлика од животните кои не го доживеале ова и поголемиот дел од времето го поминуваат безгрижно на пасење. Долгорочните последици се присутни и по краткотраен напад на волк.

Друг проблем е исплатата на отштета. Во случајот од пролетта 2018 година, кога биле нападнати животните на овчарот на Де Грот во Тиндевен, било одлучено провинцијата Дренте да не мора да ја надомести штетата што ја претрпел поради спонтаните абортуси кај пет овци. Оштета ќе се плати само за четирите гравидни овци кои биле искасани до смрт.

Може да ви се допадне

Сточарите на состанок во Штип, ќе испорачаат барања до надлежните за да се нормализира состојбата со овчата сипаница
МЗШВ: Mерките кои се спроведуваат за сузбивање на сипаниците кај овците и козите даваат резултат, бројот на жариштата е намален од 30 на 11
(ВИДЕО) Сојузот на одгледувачи на овици на терен кај сточарите!
МЗШВ за сипаниците кај овците: Од Турција се обезбедени 500.000 вакцини, кои се очекува да пристигнат деновиве
Одгледувачите бараат итна вакцинација на овците против сипаници и повисоко обесштетување
Таг:волкгравидниовцистрес
Претходен напис Цената на геотермалната вода во Кочани покачена за повеќе од 83 отсто
Следен напис Времето денеска променливо облачно со утринска магла по котлините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?