Сточарот од Општина Чашка, Тасин Усеинов, во средата доживеа вистинска несреќа за неговото стадо, кога од удар на гром му угинаа 107 овци.
Од Сојузот на одгледувачи на овци, каде Усеинов се обратил за помош не информираа за случајот и очекуваат дека институциите ќе изнајдат начин да му помогнат на сточарот да ја надмине оваа ситуација и да продолжи да се занимава со овчарство.

За случајот се запознати и во Министерството за земјоделство од каде ги информирале дека ќе се разгледа секоја можност за да му се помогне на Усеинов.
