Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на геотермалната вода во Кочани покачена за повеќе од 83 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Цената на геотермалната вода во Кочани покачена за повеќе од 83 отсто
Шумарство и водостопанство

Цената на геотермалната вода во Кочани покачена за повеќе од 83 отсто

Објавено 14/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Советот на Општина Кочани на денешната редовна седница го прифати барањето на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ и даде согласност цената на геотермалната вода да се покачи за 28,08 денари за кубен метар, односно за над 83 отсто.

Согласноста беше дадена откако во изминатите два месеца „Водовод“ два пати ја менуваше пресметката на трошоците за црпење и дистрибуција на водата, односно од 75,61 беше намалена на 66,8 денари, а според прифатениот предлог ќе изнесува 61,9 денари за кубен метар.

При последната пресметка на цената е земена предвид најавената регулирана цена за електрична енергија за комуналните претпријатија од страна на Регулаторна комисија за енергетика, што е клучен елемент при утврдување на трошоците за испорака на водата.

-Во калкулацијата за 2022 година, што ја презентиравме пред советниците, искажана е загуба од над 1,9 милионi денари, затоа што од јануари до мај годинава испорачувавме вода според старата цена. Со сегашното покачување на цената ние не можеме да ја покриеме таа загуба, но ќе се подмират расходите што ќе настанат во тековната грејна сезона, ако се испорача истата количина од 466 илјади кубни метри како лани. Знаеме дека регулираната цена на струјата се однесува до април 2023 година, што значи дека ние за тој период ќе ги имаме овие трошоци за електрична енергија, истакна Јасминка Димова од КЈП „Водовод“.

Дополнително, во образложението за покачувањето на цената на геотермалната вода, од „Водовод“ наведуваат дека е планирана поправка на постојната и набавка на нова пумпа за црпење, обновување на изолацијата на цевководот за дистрибуција на геотермалната вода, како и зголемени трошоци за плати на вработените врз основа на законската регулатива за минимална плата.

Работната единица „Геотерма“ на „Водовод“ има потпишано преддоговори со 14 правни лица кои геотермалната вода ја користат како енергенс за затоплување, односно училишта и јавни институции, како и оранжериски комплекси и други стопански субјекти.

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
(ВИДЕО) Протест на оризопроизводителите во Чешиново-Облешево: Скапи репроматеријали, ниска откупна цена и неизвесна сеидба
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
Таг:геотермална водакочани
Претходен напис ИНТЕРВЈУ – Љупчо Николовски: Субвенции за вистински земјоделци, исплата навремена, отворен повик за грант од 10 000 евра во текот на цела година
Следен напис Стресот кај овците по напад на волк остава големи последици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?