Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје денес во просторите на Агенџијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој потпиша договор за мерката 124 – Инвeстиции за инфраструктура за развој на земјоделството, шумарство и водостопанство за Електрификација на пасишта во државна сопственост и изградба и реконструкција на придружни објекти на пасишта во државна сопственост од Програмата за финасиска подршка на руралниот развој за 2021 година во износ до 21.124.950.00 денари.
Со тоа сточарите ќе добијат фотоволтаични панели на бачилата и монтажни куќарки за сместување на овчарите со кој ќе се подобрат условите во сточарството.