Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Недимовиќ: Камионите повеќе не чекаат на границите поради добрите договори на „Отворен Балкан“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Недимовиќ: Камионите повеќе не чекаат на границите поради добрите договори на „Отворен Балкан“
Агровести

Недимовиќ: Камионите повеќе не чекаат на границите поради добрите договори на „Отворен Балкан“

Последна измена: 23/12/2021 18:08
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Главната придобивка за земјоделството од потпишаните договори во рамки на иницијативата „Отворени Балкан“ е што се усогласени лабораториските процедури меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија и што повеќе нема чекање на границите поради фитосанитарна и ветеринарна контрола, изјави министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерот Недимовиќ во интервју за денешна „Политика“ коментирајќи ги договорите на трилатерално ниво потпишани во Тирана, кажа дека резултатите во подобрувањето на трговската размена се веќе видливи и дека годинава извозот од Србија во Северна Македонија е зголемен за 15 отсто, а во Албанија за 19 отсто.

– Во случајот со Албанија, во првите десет месеци, Србија го надмина вкупниот резултат од минатата година, изјави Недимовиќ.

Тој додаде дека за разлика од претходниот период кога ветеринарната и фитосанитарната инспекција работеше 24 часа од едната страна на границата, а од другата не работеше, сега таа работа е уредена така што сите работат континуирано, седум дена во неделата.

Тој посочи дека за стопанствениците е важно што се усогласени лабораториските анализи, според кои она што е анализирано во Скопје важи и во Белград и во Елбасан или каде било на друго место.

-Ова беше камен на сопнување во минатото, но веќе го нема. Сега се оди до царинската испостава, таму се книжат хартиите и робата оди во продажба таму каде што е треба. Тоа е главното достигнување на „Отворен Балкан“ за земјоделството, подвлече Недимовиќ.

Размената меѓу Србија и Северна Македонија во земјоделскиот сектор изнесува 260 милиони евра, а со Албанија 70 милиони евра.

Според податоците на срскиот Републички завод за статистика, Србија во Северна Македонија најмногу извезува житарки и производи од житарки, зеленчук и овошје, млечни и други прехранбени производи и преработки. Речиси половина од увозот од Северна Македонија во Србија се зеленчук и овошје.

Во случајот на Албанија, житарките исто така се на прво место во извозот, а потоа следат пијалоците, производите од зеленчук и овошје, млекото и млечните производи. Годинава, Србија од Албанија најмногу купувала зеленчук и одредени врсти на овошје.

MИА

Може да ви се допадне

Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на на граничните премини
Поскапуваат горивата
Трибина на АХВ во Гостивар за заштита од болеста чума кај овците и козите
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
Таг:границакамионинедимовиќотворен балкан
Претходен напис Сточарите ќе добијат фотоволтаични панели на бачилата и монтажни куќарки за сместување на овчарите
Следен напис Времето денеска сончево со ниски утрински температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?