Во Македонскиот културен центар во Тирана беше промовиран македонскиот специјалитет ајвар „Мамас“
„Прекрасна ноќ во Тирана, во иста вечер се случи изложзба на сликарот Сулимани Абдурахим, промоција на македонскиот специјалитет „Мамас“ ајвар и настап на Bale&Manaki brothers.
Изразувам голема благодарност најнапред кон Едит Пула, (вработена во кабинетот на почитуваниот градоначалник на Тирана, г. Ерион Велиај) благородна жена која сама ја подготви и постави целата изложзба од близу 140 слики, нејзината грижа, благонаклоност и несебична помош кон нашиот центар уште од самиот почеток. Голема благодарност кон компанијата „Мамас“ и донацијата на ајвар, голема благодарност и кон компанијата „Primall“ од Тирана, која донираше ново светло во центарот.“, напиша на својот фејсбук-профил Златко Ориѓански, директорот на Македонскиот културен центар во Тирана.









