Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Станкоски: Тутунски Комбинат е целосно подготвен за откуп на тутунот произведен во 2019 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Станкоски: Тутунски Комбинат е целосно подготвен за откуп на тутунот произведен во 2019 година
Растително производство

Станкоски: Тутунски Комбинат е целосно подготвен за откуп на тутунот произведен во 2019 година

Последна измена: 13/11/2019 13:21
Сподели
7 мин. за читање
Сподели

Откупот на тутунот е на прагот. Законските измени  стартуваат при преземањето на актуелната реколта, а ќе се важат и за новото производство на тутун. Тутунски Комбинат остварува позитивни финансиски резултати во работењето, но како се одвиваат плановите со стратешкиот партнер Филип Морис за производството на цигари и дали Комбинатот се консолидира по решавањето на проблемот со превработеноста, на овие прашања разговор со Кирил Станкоски, генерален директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп.

1. Дали Комбинатот е подготвен за преземање на договорената реколта?

– Тутунски Комбинат е целосно подготвен за откуп на тутунот произведен во 2019 година. Обезбедени се финансиските средства и сите инспекциски надзори се поминати. Ние сме спремни уште утре да почнеме со откупот. Токму денеска од страна на Државниот инспекторат за земјоделство кои беа во посета на Комбинатот ги констатираа сите потребни документи ги поседуваме, односно обезбедените финансиски средства. Минатата недела успеавме со банките да се договориме и потребните средства се веќе на сметката на Тутунскиот Комбинат.

2. Теренските анализи од здруженијата говорат за намалена продукција,  очекувате дека ќе ги исполните планираните 3 илјади тони ориентален тутун од кооперантите ? Какви се вашите прогнози, станува збор ли за намалено производство на тутун годинава од очекуваното?


– Сите податоци со кои што располагаме и мониторингот на терен од реколтата 2019 та на нашите теренски техничари, говорат дека оваа сезона ќе тежи околу 25 милиони кгр тутун. Задоволни сме од квалитетот и во споредба со ланската реколта е подобра од лани и да биде обострано задовоството како на земјоделците, така на за нас како откупувачи.

3. Тутунски Комбинат учествуваше во новините кои се содржани во законската регулатива за откупот. Како тоа ќе се одрази врз откупот?

– Имав прилика да учествувам во работната група при подготовката на новиот Закон за тутун. Можам да кажам за огромни придобивки за производителите : „белите картони“ за наредната сезона се укинуваат; потоа склучувањето на договорите и евиденцијата ќе оди дирекно преку компаниите во комуникација со кооперантите, додека подрачните единици и ресорното министерство ќе бидат еден вид контрола, на сето тоа, што ние како компании сме го направиле. Или едноставно кажано, со овие измени се избегнуваат оние турканици и малтретирање на тутунопроизводителите при стартот на производната сезона. Во делот на откупот се некои технички измени кои се однесуваат на текот на процесот. Имено, откупот од оваа реколта започнува од 15 ноември до15 декември, што значи во текот на тие 30 дена откупувачите се должни да обезбедат соодветен број на пунктови за преземање на новата реколта. Измената е во крајот на откупот, при што, сега наместо 15 март, крајниот рок е 28 февруари. Понатаму, во пунктовите секој проценител треба да ја поседува таа „евиденциона картица“ со фотографија и заверена од откупната компанија, што е добра страна, за брзо и лесно препознавање. Исто така, има иста таква картица и за повереникот, како претставник на здруженијата. Двете картици се со две различни бои за препознавање и се знае кој е откупувачот, а кој претставник е од здружението. Законските измени се во насока на поголема транспарентност и олеснување на работата и во интерес на тутунопроизводителите. Во иднина, што е една од обврските во стратешкото партнерство со Филип Морис плановите се да продолжиме со поддршка на нашите кооперанти со репроматеријали, заштитни средства, авансирање на производството.

4. Вториот фронт на Комбинатот е производството на цигари. До каде е трансформацијата на Цигарната фабрика во модерен погон за производство, и дали стандардите за осовременување се достигнати?

– Изминативе 2 години сите наши напори беа насочени кон создавање на современи услови за работа во погонот. Стандардите што ни ги налага нашиот стратешки партнер Филип Морис во целост се исполнети, благодарение на тоа веќе 1 година и повеќе ги произведуваме и премиум брендови на Филип Морис како Марлборо. Сега сме во преговори за преземање на целата палета од страна на целиот тој бренд Марлборо, а покрај тоа произведуваме и Честерфилд и Бонд, кои се цигари, во сопственост на нашиот стратешки партнер, целата концентрација и енергија се насочени покрај откупот и преработката на тутунот, и во цигарното производство , а сите услови и стандарди поставени од Филип Морис се обезбедени.

5. Дали останува домашниот пазар приоритетен за пласман на цигарите, или ќе се проширува доменот?

– Сега, засега останува само домашниот пазар, но како стандардите се исполнуваат, палетата на производи се зголемува во Цигарната, а не е исклучено прашањето за извоз на цигари во соседните држави. Горди сме што во Комбинатот се произведува Марлборо и податоците кои ги имаме се дека секојдневно процентот на продажба се зголемува, што значи се враќа довербата на потрошувачите.

6. Ги исполнивте најавите за тоа дека оваа година за прв пат по 20 години Тутунски Комбинат е во позитива. Што значи тоа и какви се плановите за во иднина?

– Таа позитива е реална и врз база на релевантни финансиски показатели. Осваривме во оваа година значителен раст на приходите, а во добар дел ги намаливме расходите. Како производ на тоа, заклучно со третиот квартал, во септември месец, Тутунски Комбинат покажа добивка од 68 милиони денари, за која што се надеваме дека ќе ја зголемиме до крајот на годинава. Ова е историски момент и тимот кој што работиме сме особено горди на тоа што го покажавме, а планираме и наредната година да ја завршиме со позитивна сметка.

Интервјуто во целост на следниот линк

Може да ви се допадне

Пекарите контра земјоделците: Нека направат леб за 20 денари, ќе им го купиме целото производство!
Трипуновски: За 60% е зголемен откупот на тутун за оваа реколта во споредба со минатата
Власта озаконува паушални сметки за струја – Инженерите алармираат: Граѓаните ќе плаќаат за непотрошена енергија
Откупот на зелка годинава одличен: Просечна цена 43 денари за килограм, 30 милиони евра девизен прилив
Во застој откупот на оризот од минатогодишното производство
Таг:законреколаттутунски комбинатФилип Морисцена
Претходен напис Младински додаток од 3000 денари месечно за сите млади во производна дејност и на млади земјодеци со социјално осигурување
Следен напис Мора да има ред во фрлањето на амбалажата од пестициди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?