Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Спасете си ја градината од стениците – тие не поднесуваат зачини, избркајте ги со нане, цимет и лук
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Спасете си ја градината од стениците – тие не поднесуваат зачини, избркајте ги со нане, цимет и лук
Совети

Спасете си ја градината од стениците – тие не поднесуваат зачини, избркајте ги со нане, цимет и лук

Објавено 13/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Овие здодевни инсекти претставуваат сѐ поголема закана на растенијата кои се одгледуваат, особено овошјето и зеленчукот. Штетите најмногу се изразени во текот на сушниот период, како што е овој.

Ни се сите бубачки опасни, ги има и корисни. Меѓутоа, штета нанесува зелената (lat. Nezara viridula), кафеавата мраморна (lat. Halyomorpha halys) и донекаде кафеава (lat. Coreus marginatus). Овие инсекти до неодмана не претставуваа голем проблем. Ги има со потекло од останатите континенти па им требаше одреден период на прилагодување на нашите агроеколошки услови.

Се појавуваат од јуни па сѐ до крајот на вегетацијата. Ја бодат покожичката на плодот после што доаѓа до создавање на ситни округли светли дамки кои можат да предзивикаат труење на плодот. Особено тоа е изразено на доматот. И овошјето – јаболчесто, коскесто, бобинки, исто така губат на квалитет. На листовите на зеленчукот доаѓа до губење на хлорофилот, појава на дупчиња или сиви мрежички на површината.

Минатата година еден голем производител на зеленчук никако не можел да ја уништи зелената бубачка. Каков инсектицид и да користел, немало успех. И тоа е најголем проблем со тие штетници, односно, тоа што развиле голема отпорност на инсектицидите. Но, успеал да ги реши со примена на средства кои не се отровни.
Решението е во зачините. Употребил мелено чили и алкохолен оцет.

Запомнете, стениците лачат непријатен мирис кој им служи за одбрана од непријателите. Единствен начин да ги избркате е да ги третирате растенијата со средства чиј мирис не го поднесуваат. Освен наведените зачини, корисна е и ментата, односно нането.

Чај од мента, но не од вреќичка

Направете две до три литри чај од мента, но не од филтер вреќички. Измешајте ја оваа количина чај со седум до осум литри вода и третирајте го со таа смеса заленчукот. За овошјето ќе ви треба поголема доза. Еден од зачините чии мириси бубачките не ги сакаат е циметот. Доволно е 100 грама од наведениот зачин да ставите во канта од десет литри наполнета со вода. Оставете еден ден, одвреме навреме измешајте и од таа количина исто така два до три литра ставете во прскалка од десет литри.

Внимавајте, циметот е густ и морате добро да ја процедите течноста за да не се затнат дизните на прскалката. Прскањето извршете го три до четири дена после третманот со ментата. Можете прво и циметот па после ментата, сеедно е.

Постојат уште многу комбинации. Можете да комбинирате чили и оцет со девет проценти алкохол заедно со мелен пипер, цимет, лута пиперка, лук и црвен кромид.
Кога користите повеќе средства количините не се премногу важни. Mожете да употребите 50 или 100 грама зачини во канта од 10 или 15 литри вода, оставете ден, два и прскајте. Најважно е нивниот мирис да се почувствува во воздухот после третманот. Пожелно е тоа да се изведува наутро или навечер за пчелите да можат да вршат опрашување. Нема докази за тоа дека тие не го опрашуваат (особено зеленчукот) ако се користат зачини за заштита од бубачки.

Можете да додадете пиво или масло

Превентивата со зачини е полесна кај зеленчуковите видови. За овошје треба повеќе и средства и процедување поради што малку кој производител сака да ги применува овие природни препарати. Докажано делуваат на грините и крвавата вошка (лук), гасеница (бибер, пелин и чили), крушкина болва (црвен кромид, чили, оцет), цветојад и осички (кромид, чили, лута мелена пиперка).

Дејството е особено добро ако нема дожд неколку денови после третирањето. Може да се додаде и малку пиво или масло за јадење за зачините подолго да се задржат на површината.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:стеница
Претходен напис (Фото) И Атиџе Муратова дел од акцијата на агенцијата ТИКА, која донираше опрема за пчеларство и пчели на 23 семејства
Следен напис ФОТО: Бродот кој го блокираше Суецкиот канал, по три месеци ги напушти египетските води
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?