Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Совети за почетници: Задолжителни есенски работи во органската градина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Совети за почетници: Задолжителни есенски работи во органската градина
Органско производство

Совети за почетници: Задолжителни есенски работи во органската градина

Последна измена: 29/10/2019 16:07
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Иако на прв поглед се чини дека интензитетот на работите во органската градина се намалува во есен, покрај тоа што е време за есенско садење, тоа е време и за припрема за престојаната зима и размислување за наредната година. Што се е потребно да се направи за да бидете спремни за наредната сезона?

Припремете заштита за растенијата од ветер и од првите мразеви

Есента е многу чуден период од годината посебно со појавата на климатските промени на кои сме сведоци. Пратете ја редовно временската прогноза и ноќните температури. Доколку се случи нагло да паднат температурите или ненадејна појава на мраз, многу малку е потребно за да дојде до оштетување на растенијата и  на цвеќињата.

Зачувајте го своето семе

Предноста на органската градина  е тоа што можете да го зачувате семето од својот зеленчук, цвеќињата  или зачинските растенија  за наредната година. Потребно е семето да се чува во материјали кои ,, дишат,, како што се  книжни кеси, а тие да се стават во картонски кутии.

Пресадете ги зачинските растенија и цвеќињата

Зачинските растенија и цвеќињата кои се осетливи на студ пресадете ги во саксии или сандуци затоа што е време да ги внесете внатре. Пред да ги внесете во простор наменет за нивен престој задолжително да се проверат растенијата дали имаат знаци на болести или инсекти, за да не се случи и тие да се внесат заедно со растенијата.

Вистинско време да се справите со коровот

Кај органските насади на коровот гледаме од друга перспектива. Есента е време кога коровот го  испушта своето  семе во земјата за наредната година. Со физичкото одстранување на коровот во есен ќе го намалите неговиот раст на пролет. Никако немојте да го чувате за компост. Фрлете го во канта со што ќе се ослободите од семето.

Насадете ново дрво или жбунесто растение

Есента е најдобро време да насадите ново дрво , зимзелени грмушки или други жбунести растенија. Тие ќе имаат време  околу два месеци да формираат коренов систем пред да замрзни земјата.Кога ќе дојде пролетта, својата енергија ќе ја насочат на растење и цветање, наместо на развој на коренот.

Припремете материјал за компостирање

Есента е време за средување на градината, кастрење на дрвјата, грмушките, косење на тревата. Целиот растителен материјал кој сте го добиле со средување на дворот и градината(овен коровот)можете да  го исситните и да да го припремите за парвење на компост.

Анализирајте ја својата градина

Прошетајте низ својата органска градина. Одделете време за да разгледате и да анализирате што излегло добро, а што не со што ќе можете да направите планови за промена. Најдобро е да водите градинарски дневник, каде ќе запишувате се што ќе забележите, а тоа ќе ви го олесни планирањето за следната година.

Може да ви се допадне

Избркајте ги гулабите од терасата еднаш засекогаш: Оваа работа не можат да ја поднесат!
Од органски јагоди заработува 1.600 динари за килограм: Бербата во овоштарниците на Анабел е во полн ек
 (ВИДЕО) Проф. Тошо Арсов од ФЗНХ со совети до земјоделците како да ги заштитат овошните и лозови насади од измрзнување
(ВИДЕО) Неверојатна глетка: Како лозарите во Бургундија го спасуваат родот од мраз
Препорака од група агрономи за заштита на виновата лоза од пролетни мразеви
Таг:Organsko proizvodstvoградинизаштита
Претходен напис Земјоделците задоволни: Пиперката „ајварка“ годинава со одлична цена
Следен напис Квалитетни системи за наводнување носат рентабилно производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?