Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Квалитетни системи за наводнување носат рентабилно производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Квалитетни системи за наводнување носат рентабилно производство
Шумарство и водостопанство

Квалитетни системи за наводнување носат рентабилно производство

Последна измена: 29/10/2019 16:05
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во изминатите две и пол години започна крупни капитални инвестиции во делот на водостопанската инфраструктура, со единствена цел – преку одржување и реконструкција на браните и системите за наводнување и изградба на нови системи,  да ги зголемиме на наводнувани површини и да создадеме услови за рентабилно земјоделско производство потенцира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски на неодманешното 12-то Советување за водостопанство и хидротехника, во организација на здружението „Македонски комитет за големи брани“.

– Една од поголемите инвестиции е изградбата  на Браната Конско, со којашто ќе се овозможи наводнување на 4.200 хектари земјоделски површини во гевгелиско-валандовско-богданскиот регион, производство на електрична енергија и обезбедување на дополнителни количини на вода за хидро системот “Спас на Дојранско езеро“. Околу 56 отсто е изградбата е веќе завршена. Во полн ек е изградбата на современиот систем за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза, со којшто ќе се овозможи наводнување на 2.050 хектари во валандовскиот регион.

Првиот човек на министерството за земјоделство истакна дека над 80 отсто е реализацијата на хидросистемот Равен-Речица, со кој ќе се наводнуваат нови 6.000 хектари во полошкиот регион. Димковски посочи дека во тек е проектот финансиран од Европска унија за „Мали, еколошки системи за наводнување“ во износ од 1,8 милиони евра“.Според него,паралелно се работи и на проектите за рехабилитација на Пумпна станица Дебарско Поле, ХС “Злетовица” прва фаза за водоснабдување, браните на Оризарска и Слупчанска река и други капитални проекти.

– Реализацијата на сите овие проекти на коишто работиме, ќе овозможи намалување на загубите од вода, трајно решавање на проблемите со наводнување и крајно зголемување на приносите од земјоделските стопанства,порача министерот Димковски.

Ана Петровска, државен секретар за животна средина на МЖСПП на РМ, истакна дека водостопанските објекти се карактеризираат со најголемо влијание врз животната средина, и затоа треба да се третираат според концептот за интегрален и одржлив развој.

Може да ви се допадне

Пестициди, бактерии и јајца од паразити на јагодите: Миењето со вода не е доволно, запомнете две правила
ЕУ планира нови субвенции за земјоделците за заштеда на вода
Во подружницата на ЈП Национални шуми “Плачковица” , посеани се повеќе видови семе од багрем, јасен, јавор, каталпа…
Филиповски: Ќе има доволно вода од хидросистемот „Брегалница“ за полињата во Кочанско и Светиниколско
(ВИДЕО) Трипуновски смирува: Уште денеска ќе биде пуштена водата, земјоделците да бидат спокојни
Таг:zemjodelstvoводаводостопанствонаводнувањепроекти
Претходен напис Совети за почетници: Задолжителни есенски работи во органската градина
Следен напис (ВИДЕО) Мераклии за шафран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?