Според новиот извештај на ФАО, глобалното шумско подрачје од 1990 година па до сега, е намалено за 178 милиони хектари. Меѓутоа, стапката на нето загуби значително опадна во последните 30 години поради помалото копачење во некои земји и поради пошумувањето и природното ширење на шумите.

ФАО започна сеопфатна проценка за шумарството – ФРА 2020 во дигитален формат. Ова известување е прва објавена интернет платформа која содржи детални регионални и глобални анализи за 236 земји и територии. Корисниците сега можат да проучат повеќе од 60 шумски показатели во сите земји и региони и да ги превземат бараните податоци.
– “Богатството на информации за светските шуми е вредно јавно добро за глобалната заедница, со цел да се олесни формирањето на политиките засновани на докази, потоа донесувањето на одлуки и здрави инвестиции во тој сектор“, изјави заменичката на генералниот директор на ФАО, Мариа Хелена Семедо. „ Овие новоотворени инструменти ќе ни овоможат подобар одговор за копачење и дегардација, ќе го спречат губењето на биолошката разноликост и ќе го подобрат одржливото стопанисување во таквите подрачја“, дадава таа.

Милиони луѓе ширум светот зависат од шумите поради нивната сигурност на храна и средства за живот. Нивната заштита е клучна за зачувување на природните ресурси, бидејќи чуваат поголема земјишна биолошка разновидниост и помагаат во ублажувањето на клиамтските пормени. Според неодамна објавениот извештај за состојбата на светските шуми (SOFO), тие содржат 60.000 различни видови на дрвја, 80% видови водоземци, 75% птици и 68% цицачи на Земјата.
Во последните 30 години изгубивме 178 милиони хектари шуми
Светот има вкушна шумска површина од 4,06 милијарди хектари што е околу 31% од вкупната површина на копно. Европа, вклучувајќи ја и Руската Федерација сочинува 25% од светското шумско подрачје, а следува Јужна Америка со 21% , Северна и Средна Америка со 19%, потоа Африка со 16%, Азија со 15% и Океанија со 5%.
Глобалното подрачје под шуми и понатаму продолжува да се намалува а светот од 1990 година изгубил 178 милиони хектари. Меѓутоа, стапката на него загуба значително се намали во текот на периодот од 1990 до 2020 година поради намалување на копачењето во некои земји и поради пошумувањрто и природното ширење на шумите.
Африка има најголема годишна стапка на нето загуби во периодот од 2010 до 2020 година со 3,9 милиони хектари, следува Јужна Америка со 2,6 милиони хектари. Најголема нето добивка од шумско подрачје во последните десет години има во Азија.
Се намалува копачењето на шумите на глобално ниво?
Од 1990 година проценетите 420 милиони хектари се игубени поради копачење на шумите и нивно претворање во земјиште друга употреба како на пример за земјоделство. Меѓутоа, стапката на загуба значително се намалила. Во последниот петогодишен период годишната стапка на копачење е проценета на 10 милиони хектари, што е пад во однос на 12 милиони хектари во периодот од 2010 до 2015 година и 16 милиони хектари во периодот од 1990 до 2000 година. Површината на шуми во заштитените подрачја се зголемила за 191 милиони хектари од 1990 година и сега достигнала површина од 726 милиони хектари.

Земји кои губат најмногу шумски површини
Први десет земји во светот според просечните годишни нето загуби на шумски површини во последните 10 години се: Брзил, Демократска Република Конго, Индонезија, Ангола, Обединета Република Танзанија, Парагвај, Мјанмар, Камбоџа, Боливија и Мозамбик.
– „Иако стапката на копачење се намали во текот на последните десет години, тоа и понатаму претставува голема грижа. Со моменталното темпо ги ризикуваме поставените цели кои се однесуваат на одржливо стопанисување со шумите“, коментира Анси Пекаринен, координатор на ФРА.
– „Мораме да ги зголемиме напорите за запирање на копачењето за да го искористиме полниот потенцијал на шумите во однос на придонесот за одржливо производство на храна, намалуавање на сиромаштијата, сигурноста на храната, зачувување на биолошката разновидност и климатските промени и истовремено одржување на производството на дрвни производи“, заклучува Пекаринен.
Извор: Agroclub