Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Агровести

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши

Објавено 19/07/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Русија од денеска привремено го ограничува увозот на коскесто овошје од пет големи турски производители поради повеќекратно утврдено присуство на штетници и на други организми што подлежат на карантински надзор, објави турското издание „Туркије тудеј“.

Мерката се однесува на праски, нектарини, кајсии, сливи, цреши, вишни и на маслинки, соопшти руската Федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор („Росселхознадзор“).

Турција е меѓу водечките светски извозници на коскесто овошје. Во 2025 година извозот на оваа категорија овошје достигна вредност од 336,6 милиони американски долари, при што на рускиот пазар отпаѓале 140,6 милиони долари, односно повеќе од 40 проценти од вкупниот извоз.

Ограничувањата се однесуваат само на пет големи производители, а не на целиот турски сектор.

„Туркије тудеј“ наведува дека во меѓувреме украинскиот Парламент го ратификувал Договорот за слободна трговија со Турција.

Според договорот, Турција веднаш ќе ги укине увозните царини за 93,4 проценти од индустриските производи и за 7,6 проценти од земјоделските производи што се увезуваат од Украина. 

извор МИА

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:извозпраскиРусијаувоз
Претходен напис Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Следен напис Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?