Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винарка со македонско потекло ја освои Америка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Винарка со македонско потекло ја освои Америка
МагазинРастително производство

Винарка со македонско потекло ја освои Америка

Објавено 27/07/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Необична приказна за некогашната новинарка и долгогодишна вереница на актерот Емилио Естевез – од Фулбрајтова стипендија до успех на големиот американски пазар.

Калифорниската винарка Соња Магдевски, со потекло од Северна Македонија, е име кое има се поголемо значење на американската винска сцена. Сопственичката на куќата Casa Dumetz се испроба во правење вино од неколку различни сорти и на крај се фокусира на извонредните вина од пино ноар, нејзината прва и најголема љубов – цело време истакнувајќи го влијанието што македонското поднебје го имало на нејзиното винско творештво.

Приказната за винарката Соња Магдевски почнува уште во 2003 година кога, како стипендист на Фулбајтовата програма, во татковината на нејзините родители ја истражувала македонската социјална и политичка сцена за својата магистерска работа по новинарството.

Пресудна била псетата на татковината: татко и ја однел на стариот семеен имот на кој сеуште растела винова лоза. Како што изјавила подоцна, тогаш во неа се разбудила желбата да прави вино, а конечната одлука ја донела откако во Малибу каде живее од 2002 година го запознала актерот Емилио Естевез. Естевез во тоа време наголемо подготвувал отворање на винаријата Casa Dumetz, а Соња му се приклучила во овој потфат, истовремено посетувајќи часови за лозарство и енологија на локалниот универзитет. Заедничката работа ја следела и љубовта, која се завршила после една деценија. Во 2016 година Естевез го продал својот дел од заедничкиот бизнис и Соња станала единствен сопственик на винаријата  Casa Dumetz.

Денес Соња Магдевски е винарка со големо искуство и страст кон пино ноар. Во интервју за Wine and Whiskey Globe, објавено пред неколку денови, таа изјавила дека за неа, работата со пино ноар е најголемо задоволство.

– „Пино ноар е конзистентен, кога добро се работи со него. Тој дава многу, а ме опиваат драматичните разлики во аромата кои се јавуваат низ целиот процес на ферментација. Убавината на пино ноар директно се преточува во шишето вино – вели Соња, која е полна со љубов кон виното.

– „Одбрав да работам токму овде затоа што грозјето кое расте тука е елегантно и искрено. Полно е со леснотија на постоењето и со силен карактер. Има интензивен вкус и раѓа екстремно задоволство. Ова место е интимно, неговата географска положба се соединува со моите големи соништа. Истовремено е едноставно и чудно сложено и секогаш сакате уште нешто од него “– поетски раскажува винарката.

Приказната за Соња Магдевски, претставува исполнување на „американскиот сон“ – винско подрачје од сончевиот Балкан влијаел на девојката, која во време на средбата со дедовината имала сосема поинакви амбиции , целосно да го промени својот животен пат и во Калифорнија да го продолжи она што го започале нејзините дедовци. Во својата работа Соња Магдевски употребува современи методи во комбинација со древни знаења за винскиот бизнис, правејќи природни и технолошки совршени вина кои стекнуваат се поголем број приврзаници.

-„Се водам според филозофијата – чистота на мерките. Секогаш работам со здрави и цели гроздови проследено со долга, нежна ферментација на ниска температура, која дава силни ароматични вина со овошни акценти и неверојатна текстура“, вели Соња чија винарија ги угостува енофилите кои посетуваат мали но успешни винарии надвор од епицентарот на американското винарство, Напа и Сонома. Судејќи по страста која Соња ја вложува во својата работа, од неа големи дела допрва се очекуваат.

Извор: Вино и фино

Може да ви се допадне

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Таг:АмерикавиноМакедонка во АмерикаСоња Магдевски
Претходен напис Состојбата на светските шуми: Во последните 30 години изгубени се 178 милиони хектари
Следен напис Започнува Африканскиот многу топол бран – детали
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?