Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени 30 отсто повисоки субвенции за фармерите кои го зголемиле сточниот фонд во споредба со претходната година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Исплатени 30 отсто повисоки субвенции за фармерите кои го зголемиле сточниот фонд во споредба со претходната година
Агровести

Исплатени 30 отсто повисоки субвенции за фармерите кои го зголемиле сточниот фонд во споредба со претходната година

Последна измена: 11/11/2019 11:41
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 7.101 субјекти исплати 27.069 000 денари. Станува збор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемиле основното стадо со говеда, овци, кози, маторици, несилки, и пчелини семејства. Оваа мерка се исплаќа по прв пат и беше Владино ветување, се со цел поттикнување на одгледувачите на добиток за зголемување на сточниот фонд во Република Северна Македонија.

Зголемена субвенција ги следува сите фармери кои земале субвенција за :

директни плаќања за грла говеда

директни плаќања за обележани грла на овци

директни плаќања за грла кози

директни плаќања за женски приплодни грла на маторици

директни плаќања за презимени пчелини семејства

Сите фармери кои земале средства по овие мерки и за разлика од претходната година го зголемиле бројот на основното стадо, добиваат дополнителна субвенција од 30 % за секое грло за кое е зголемено стадото во споредба со претходната година.

Преку оваа Мерка се овозможува поттикнување на развојот на домашното сточарство, преку зголемување на основните стада. Со зголемување на добиточниот фонд во државата се зголемува и базата за производство на месо, млеко и мед. Со зголемувањето на домашните производи од животинско потекло, се обезбедува поефтина суровина која е важен инпут во индустријата за преработка на месо, млеко и мед.

Со обезбедување на суровина од  домашно призводство за индустријата се поставува фундамент за креирање на додадена вредност на домашните земјоделски производи со што се овозможува зголемување на Бруто домашниот производ кој има директно влијание и на растот на домашната економија.

Може да ви се допадне

ЕБОР: Македонија има направено импресивен чекор во нејзината зелена транзиција
Заменик министерот за земјоделство, Флакрон Беџети си поднесе оставка
Поскапуваат горивата
Утре се отвора првиот Парк на пчелата – училница за студентите, простор за едукација и информирање на граѓаните
Во Зрновци почна пилот проект за производство на трутово млеко за јакнење на имунитетот и за подигање на профитабилноста на пчеларството
Таг:годинадобитокисплатениматорицимеркамлекосубвенци
Претходен напис Инфо Тим Логистика: Неделен осврт на цените на земјоделските производи во регионот
Следен напис Соопштение за пријавувањето за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?