Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Скопје ќе биде домаќин на првиот форум за енергетска дипломатија – обновливи извори, зелени инвестиции и жените во енергетиката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Скопје ќе биде домаќин на првиот форум за енергетска дипломатија – обновливи извори, зелени инвестиции и жените во енергетиката
Агровести

Скопје ќе биде домаќин на првиот форум за енергетска дипломатија – обновливи извори, зелени инвестиции и жените во енергетиката

Објавено 14/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 25 ноември во Скопје ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и жените во енергетиката“, кој ќе обедини претставници на влади, меѓународни организации, финансиски институции, дипломатскиот кор, енергетски компании и инвеститори.

– Како да обезбедиме повеќе инвестиции во обновливи извори? Како да ја зајакнеме регионалната енергетска соработка? Како да создадеме повеќе можности за жените да учествуваат во носењето на клучните одлуки? Ова се дел од прашањата што ќе бидат во фокусот на форумот, со цел да се поттикнат нови партнерства, да се разменат искуства и да се отворат конкретни можности за развој на одржливи енергетски проекти. Посебен акцент ќе биде ставен на финансирањето на зелената транзиција, привлекувањето инвестиции, јавно-приватните партнерства и регионалното поврзување – информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Во рамките на форумот е предвидено и официјално воспоставување на Мрежата за жени во енергетската дипломатија (Women in Energy Diplomacy Platform), која, како што велат од Министерството, ќе создаде нов простор за регионална соработка, професионално поврзување и зајакнување на женското лидерство во енергетскиот сектор.

Настанот го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации, УНДП и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE). 

- Реклама -
Ad image

МИА

Може да ви се допадне

Есенската сеидба е при крај во Прилепско, се намалуваат површините со пченица поради ниската откупна цена
АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата
Без вода дел од Центар поради уличен дефект
Саем на домашна храна „Вкуси ја традицијата“
Таг:енергетикатаенергетска дипломатијазелени инвестицииизвориСКОПЈЕ
Претходен напис Есенската сеидба е при крај во Прилепско, се намалуваат површините со пченица поради ниската откупна цена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?