Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Агро експо 2026“ – современи земјоделски технологии, механизација и изложба на домашна храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Агро експо 2026“ – современи земјоделски технологии, механизација и изложба на домашна храна
Агровести

„Агро експо 2026“ – современи земјоделски технологии, механизација и изложба на домашна храна

Објавено 30/10/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Презентации на 15 европски проекти, современи земјоделски технологии и механизација, како и изложба на домашни земјоделски производи и храна, ќе понуди настанот „Агро експо 2026“, што денеска и утре ќе се одржува во Скопје. Мотото е „Земјоделството на иднината. Денес.“, а пред присутните на отворањето, како што е најавено, ќе се обратат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Според организаторите, настанот ќе ги поврзе земјоделците, производителите и компаниите со научната заедница и институциите, преку конференциска и изложбена програма, практични демонстрации и деловни средби. 

-Програмата ќе обедини презентации на 15 европски проекти, со акцент на нивната поврзаност со земјоделството, иновациите и развојот на секторот, како и информации за можностите за европско финансирање и проектни партнерства. Посетителите ќе можат да се запознаат со земјоделска технологија, механизација и опрема, вклучително сензори, дронови, системи за паметно наводнување и софтвер за фарми. Изложбениот дел ќе вклучи и земјоделски производи и храна, со можности за директни средби со  производителите и дегустации, се наведува во најавата. 

По отворањето е предвидена конференција за модернизација на земјоделството.

- Реклама -
Ad image

-Денот е посветен на институционалниот дијалог, научните достигнувања и трансферот на технологии до земјоделските производители. Темите ќе опфатат прецизно земјоделство, користење податоци и софтвер за управување со фарми, заштита на интелектуалната сопственост и развој на препознатливи земјоделски брендови. Презентациите на европските проекти ќе овозможат размена на искуства и директно поврзување со потенцијални партнери, велат организаторите.

Утре фокусот ќе биде ставен на земјоделска технологија, механизација, производи и храна. Ќе има и практични демонстрации, како и средби со производители и добавувачи. Посетителите ќе можат да разгледаат механизација, опрема, материјали и услуги за земјоделството, да воспостават деловни контакти и да учествуваат во дегустации на храна, мед и вина.

Деканот на ФИНКИ, професорот Петре Ламески, ќе ја претстави темата „Од фарма до паметен агробизнис – можности за дигитализација преку ДигитМак, Везилка и ЕуроЦЦ3“, додека професорот Александар Узунов од Факултетот за земјоделски науки и храна ќе зборува за „Современо и одржливо пчеларство – наука, иновации и практични решенија“.

Европска соработка за знаења и вештини во земјоделството “АГРО ЕКСПО на ЕУ проекти во земјоделие, технологии и храна” се организира во рамки на проектот CAAIVE, кофинансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+. Организатори се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, преку Факултетот за земјоделски науки и храна, ЕМКИЦЕ КИЦ, Нова Креатива и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Настанот е наменет за земјоделци и земјоделски стопанства, производители и дистрибутери на механизација и опрема, компании од прехранбениот сектор, истражувачи, студенти и институции заинтересирани за модернизација на земјоделството.

МИА

Може да ви се допадне

Пожарите на ниво на предел како ризик за јавната безбедност на Западен Балкан
Министерот Серафимовски и заменик-министерот Хоџа на средба со претставници на ЗЕПС и ЗЕДА од Босна и Херцеговина
Прекини на струја во Гази Баба и Кисела Вода, без вода делови од Чучер Сандево и Карпош
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
ПОРИБУВАЊЕ НА МАВРОВСКОТО ЕЗЕРО И РЕКИТЕ ВО НП МАВРОВО
Таг:Агро експо 2026домашна храназемјоделски технологии
Претходен напис Прекини на струја во Гази Баба и Кисела Вода, без вода делови од Чучер Сандево и Карпош
Следен напис Министерот Серафимовски и заменик-министерот Хоџа на средба со претставници на ЗЕПС и ЗЕДА од Босна и Херцеговина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?