Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Собранието ги усвои измените на Законот за вино, се олеснуваат условите за производство на вино во малите семејни винарии


Собранието на Република Северна Македонија попладнево го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за вино.

Со новите законски измени кои се правени во соработка со Здружението на мали винарии, Здружението на винарски визби и лабораториите кои прават анализи за грозје и вино, се овозможуваат низа поволности со кошто се олеснуваат условите за производство на вино на малите винарии и на физичките лица производители на вино што е тековен тренд во светски рамки, особено во сегментот на продажба на вино од фарма во насока на диверзификација на понудата на пазарот и развој на винскиот и руралниот туризам. Истовремено, олеснувањето на условите кај малите винарии нема да се одрази на квалитетот на виното, односно се однесува на условите поврзани со самата винарија, додека постапката за добивање на решение за пуштање во промет на виното останува иста без разлика во каква винарија е произведено виното. Сите измени се во насока на остварување на поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, поголем извоз на вино и девизен прилив. Со дел од измените на малите винарии, кои произведуваат до 100.000 литри вино годишно, им се дава можност да работат со ангажирање на енолог, со договор а не како досега да мораат да имаат вработено дипломиран енолог, додека физичките лица ќе можат да произведуваат вино со завршено средно образование.

Во насока на зголемен и побрз пласман на виното се менуваат и условите кои треба да ги исполнуваат лабораториите кои се овластени за вршење на физичко-хемиска анализа на виното, односно се доуредува и уверението од физичко-хемиската анализа на виното кое истите го издаваат. Се подобруваат процесите и процедурите за анализа на виното и истите ќе се прилагодат на условите за анализа на вино кои се на сила во Меѓународната организација за лозарство и вино (ОИВ) и ЕУ.

Се врши и усогасување со новиот закон за прекршоци, со што казните и глобите за прекршоците значително се намалуваат и истите се применуваат пропорционално во зависност од големината на правниот субјект (помалите винарии и физичките лица плаќаат помали казни). Се создаваат услови за пообјективно пазарно опкружување, кое ќе доведе до зголемена продажба на вино од земјоделското стопанство и позитивно ќе влијае на развојот на винскиот и руралниот туризам.

Со предлог законот се уредува и олеснување на условите за производство на вино во исклучително неповолни години (екстремно ниски температури во текот на годината и вегетативниот период на виновата лоза), област која не е регулирана во постојното законско решение.

Сите горенаведени решенија во предлог законот се во насока на зголемување и олеснување на производството и пласманот на виното, диверзификација на понудата на пазарот и развој на руралниот и вински туризам.

Ное 7, 2019agrotim2
Заштита на атомизерите и прскалките во зима, конзервација на опремата за наводнувањеВангелис: Тоа што е тешко за производство, тоа секогаш има добра цена

Напишете коментар Откажи одговор

07/11/2019 Агровествинарии, вино, закон за вино, производство на вино444

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019