Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вангелис: Тоа што е тешко за производство, тоа секогаш има добра цена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Вангелис: Тоа што е тешко за производство, тоа секогаш има добра цена
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Вангелис: Тоа што е тешко за производство, тоа секогаш има добра цена

Објавено 08/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во познатиот грчки регион за овоштарство – Вериа, се наоѓа насадот од 18 хектари на младиот агроном Караидрос Вангелис.

Традицијата од неговите дедо и татко успешно ја продолжува со примена на нови модерни технологии и сорти кои значат и добар приход и заработка од овоштарството.

-На 18 хектари имаме насадено најмногу праски, потоа кајсии и круши. Се одлучивме за неколку вида на овошни култури поради сигурност во производството и пласманот, оти секоја година, зависно од родот, цените на одредени овошни производи е различна – вели Вангелис и додава дека негова предност е што има традиција во ова производство, а го следи пазарот и новитетите за да биде конкурентен.

-Сите култури имаат свои специфики на производство, но факт е дека најдобра цена секогаш има она што е потешко за производство. На пример крушата е поделикатна за производство но таа никогаш нема проблем со пласманот и секогаш држи добра цена. Ние главно пласираме на домашен пазар и за Русија – вели Вангелис.

На неговиот модерен насад посебно се внимава на кроењето на овошките и на заштитата. Има неколку начини, некои сеуште ги испробува, а за некои има докажани позитивни резултати, како ферохормоните за заштита од штетници. Но потенцира дека и кај нив проблемот во извршување на овие агротехнички мерки кои главно мораат рачно да се изведуваат, е немањето на работна сила. Најмногу од сезонските работници заминуваат за Германија и Италија.

-Една од новитетите кои ги користиме се и овие ферохормони кои рачно се закачуваат на секоја овошка. Нивното делување е преку систем на испуштање на миризба која ние не ја чувствуваме, го спречува размножувањето на инсектите. Овие ферохормони, ги добиваме како субвенција од ЕУ фондовите но мора да покажеме дека имаме резултат – изјави Вангелис.

Во врска со поддршката која ја имаат од државата и ЕУ фондовите, вели дека од државниот буџет не добива ништо, но затоа има мерки преку ЕУ фондови кои помагаат во подигнување на нови насади и други агротехнички мерки.

-Имам искористено 15 000 евра од програма на ЕУ, наменета за сите земјоделски производители, но предност имаат младите земјоделци, бидејќи Европската Унија посебно внимание покажува за нас помладите земјоделски производители оти се помалку сакаат да се занимаваат со земјоделско производство -вели овој млад овоштар кај кого беше евидентна љубовта кон агарот и желбата за успех.

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Соопштение: Подготвителни активности за отпочнување на процесот за успешно поднесување на барања за субвенции
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН: На 15 144 тутунари, исплатени 2 028 714 243 денари
Таг:еу фондовизаштитаовоштарникпредлог бизниссубвенции
Претходен напис Собранието ги усвои измените на Законот за вино, се олеснуваат условите за производство на вино во малите семејни винарии
Следен напис Исплатени близу 17,4 милиони денари за субвенци за откупена пченица од домашно производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?