Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со Законот за задолжително земјоделско осигурување, висината на полисите ќе ја утврдува државата, тие ќе бидат пониски и со поголем опфат на ризици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со Законот за задолжително земјоделско осигурување, висината на полисите ќе ја утврдува државата, тие ќе бидат пониски и со поголем опфат на ризици
Агровести

Со Законот за задолжително земјоделско осигурување, висината на полисите ќе ја утврдува државата, тие ќе бидат пониски и со поголем опфат на ризици

Објавено 19/12/2022
Сподели
4 мин. за читање
DCIM100MEDIADJI_0229.JPG
Сподели
Ad imageAd image

Законот за задолжително земјоделско осигурување треба да стапи на сила во 2024 година. Новиот концепт на земјоделско осигурување кој го работи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, предивидува формирање на осигурителен пул, чија цел ќе биде осигурување на земјоделското производство на сите земјоделци. Како што информираат од МЗШВ, новиот закон е брзо и подобро системско решение преку кое земјоделците исплатата на настанатата штета ќе ја добиваат во текот на истата година кога е настаната штетата.

Реализацијата на овој нов концепт за земјоделско осигурување е предвидена со неповратни средства од Зелен климатски фонд и првите три години земјоделците целосно ќе бидат ослободени од трошоците за осигурување, а како ќе заживува концептот, нивните трошоци за учество, по овие три години би биле минимални.

Висината на полисите ќе ја утврдува државата и тие ќе бидат драстично пониски, со многу поголем опфат на ризици од досегашните полиси. Со новиот модел земјоделците добиваат уште една предност, односно се зголемува процентот за исплата на штетите, од досегашните најмногу до 10%, на најмалку 40% од утврдената штета, информираат од МЗШВ.

Земјоделското осигурување ќе биде задолжително и поврзано со исплатата на субвенциите во оној момент кога концептот целосно ќе заживее и ќе се донесе законот, кој заедно со земјоделците се подготвува.

Новиот концепт за земјоделско осигурување на кој Министерството работи нема цел да наметне нов трошок на земјоделците, туку напротив нуди решение за уште едно повеќедецениско прашање кое ги мачеше земјоделците, вели Александар Мусалевски од МЗШВ.

„Со овој нов закон ние ќе го напуштиме стариот систем на исплата на штети предвиден во Законот за заштита и спасување и ќе воспоставиме систем што ќе биде ефикасен и ќе биде под капа на државата затоа што ќе се формира земјоделски осигурителен пул, кој ќе подразбира дека целото осигурување во земјоделството ќе биде под една капа, под капата на државата, каде што од дефинирање на тарифите за полисите, до проценка и исплата на самите штети ќе биде контролирано од страна на државата.“, рече Мусалевски.

Како што информираа претставниците од МЗШВ, со донесувањето на овој закон, треба да се намалат бирократските процедури и исплатата за настанатите штети ќе биде извршена во текот на истата година кога е настаната штетата.

„Земјоделците не треба да бидат загрижени бидејќи овој Закон е во полза на земјоделците. Со него, сите штети што досега со стариот систем се исплаќале за 2-3 години, со новиот закон ќе се исплаќаат во тековната година кога настанала штетата“, објасни Мусалевски.

Претставниците од МЗШВ ќе продолжат на терен да одржуваат трибини и состаноци со земјоделците со цел да им го доближат новиот концепт на земјоделско осигурување.

„Во наредниот период ќе продолжиме со овој вид на трибини и сакаме новиот Закон за задолжително земјоделско осигурување да го доближиме до секој земјоделец, производител на земјоделски производи затоа што на Владата ѝ е битно секое воведувањето на секој нов систем да не биде еднострано само донесен од страна на Владата, туку да бидат запознаени сите земјоделци и да се уверат во она што го работиме.“, рече Мусалевски.

Може да ви се допадне

Андоновски: На 12 јуни започнуваат секторски преговори со секоја од земјите поединечно во рамки на иницијативата „Роаминг како дома“
Андоновски: Со смарт лиценците воведуваме целосна дигитализација и брза проверка на валидноста
(ВИДЕО) Земјоделците со драматични изјави: Катастрофална е состојбата, доцнат субвенции, немаме соработка со министерството
Викендов повторно ќе имаме локална нестабилност, но и услови за невреме
До 25% од буџетот на ЕУ за земјоделство – еве што ќе понуди Бугарија
Таг:Закон за земјоделско осигурување
Претходен напис Нивото на водата во Дојранското и Преспанското Езеро во рамки на просекот
Следен напис Од УХМР најавуваат: Следува период со пониски утрински температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?