Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со правилна прихрана, до богат и здрав принос на лубеници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Со правилна прихрана, до богат и здрав принос на лубеници
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОСовети

Со правилна прихрана, до богат и здрав принос на лубеници

Објавено 12/05/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лубеницата  е едногодишно растение од фамилијата  Cucurbitaceae.  Расте од семе, во топла клима , а бидејќи содржи голема количина на вода, лубеницата претставува идеално летно овошје, а токму тогаш и зрее.

Се одгледува на отворно, во заштитен простор или комбинирано. Во заштитен простор, онаму каде што има медитеринска клима најмногу се исплаќа ранопролетното одгледување, веднаш после зимско- пролетната салата, додека во местата со континентална клима одгледувањето зависи од сончевите периоди.

Длабоко изорана почва и многу вода се клучни фактори за добар развој на лубениците

Почвата каде што ќе се садат лубеници мора да биде растресита, со добра структура, длабоко изорана уште од есента. Идеални почви се алувијалната и глинесто-песоклива. Ладната и набиена почва не е соодветна за одгледување на оваа култура. Коренот на лубеницата е долг понекогаш и повеќе од 2 метри, но во слојот од 40 до 50 сантиметри од површината е неговата најголема маса. За добар раст  и родност, киселоста на почвата треба да има pH вредност од 5,0 – 5,5.

Минималната температура за ‘ртење на семето е околу 15 степени Целзиусови, а оптималната околу 30 степени Целзиусови. Ако во текот на одгледувањето на лубениците температурите паднат под 10 степени Целзиусови, растението ќе почне да пожолтува и многу тешко ќе се опорави дури и ако покасно температурите бидат поволни.

 Што се днесува до снабдувањето со вода мора да ја има доволно, посебно во фазата  на цветање и кога се  формира плодот. За раст и развој на лубениците потребно е 300 -400 м3 вода на хектар, што пред се зависи од временските услови (суша или не).

Почвата на која се одгледуваат лубеници треба да има најмалку 2,5 % хумус

Непосредно пред сеидбата или пред садењето потребно е горниот слој од земјата да се иситни  со помош на градинарска фреза. Растреситиот слој на почвата ја задржува влагата  и му  дава на растението потпора за добар развој на коренот и здрав раст.

Основната прихрана треба да биде со добро созреано шталско ѓубриво .

Секој кој се занимава со одгледување на оваа култура знае дека освен вода треба да се обезбеди и правилна прихрана.

Лубениците треба да се прихрануваат со шталско ѓубриво кое мора да биде добро созреано бидејќи во спротивно никулците на растението би можеле да изгорат.

Покрај шталското ѓубриво потребно е да се додаде и 400 -500 килограми минерално ѓубриво NPK  во размер 1:2:1.  Фосфорот е многу важен елемент за добар принос. Прихранувањето на лубениците се врши, 10 дена  после пресадувањето па се додека не достигне 50 % од тежината на првите два плода.

Многу е важно да се прати развојот на растението па кога ќе почнат да се појавуваат ластари  и гранки треба да се прихрани со  KAN и тоа  150 – 170 килограми на хектар и тоа на два пати. Прихранувањето се врши пред наводнувањето, а треба да се внимава ѓубривото да не падне на листот.  

Извор :Агроклуб

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:лубенициодгледување на лубенициуслови за добар принос на лубеници
Претходен напис МЗШВ: За прв пат после 23 години и со карго транспорт, се извезе свежо македонско јагнешко месо во Јордан
Следен напис Негувајте ги правилно летните цвеќиња и тие ќе ве наградат со многу цветови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?