Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Негувајте ги правилно летните цвеќиња и тие ќе ве наградат со многу цветови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Негувајте ги правилно летните цвеќиња и тие ќе ве наградат со многу цветови
Совети

Негувајте ги правилно летните цвеќиња и тие ќе ве наградат со многу цветови

Објавено 12/05/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цвеќињата бараат соодветна нега  во текот на сезоната  за да можат во секој момент да го дадат својот максимум во цветањето. Важно е да се одберат растенија во зависност од местоположбата на балконот или на терасата. Доколку се наоѓа на северната страна, засадувајте ниски и цврсти растенија кои ќе можат да го издржат  ударот на северниот ветер. Сончевите места свртени на југ или на запад се најпожелни бидејќи за нив има најголем избор на цвеќиња.

Исто така мора да одлучите дали ќе садите ниски или високи сорти на цвеќиња или пак можеби ќе се одлучите за лазачи. На лазачите неопходно е да им обезбедите потпора односно арматура по која ќе растат и нема да се скршат.

Поливајте ги со стоена вода

Сите растенија не бараат иста количина на вода, затоа поливањето треба да биде во зависност од  тоа за кое растение станува збор но и од положбата на саксијата. Секако колку повеќе растенија има во една саксија тие побрзо ќе ја пијат водата, а земјата на  сончевите и ветровитите места побрзо се суши, па во тие случаи треба почесто да се наводнуваат. Важно е да се користи стоена вода, а никако ладна вода дирекно од водоводот.

Најдобро е растенијата да се наводнуваат навечер бидејќи површината на листовите ќе се исуши преку ноќта и тоа нема да биде подложно на пропаѓање и на појава на трулеж. Ако не сме во можност да ги наводнуваме навечет тогаѓ тоа треба да се направи наутро. Избегнувајте цвеќињата да ги полевате во средината на денот бидејќи тоа може да има негативен ефект. Кога ги полеваме растенијата во текот на жежок ден со ладна вода тие доживуваат стрес што може да предизвика отфрлање на цветовите и на листовите.

Прихранувајте ги цвеќињата со ѓубриво богато со фосфор

Растенијата во градината растат во жива почва богата со хранливи материи, а на растенијата во саксиите на располагање им е само она што ќе им го дадеме. Затоа треба редовно да се прихрануваат, а тие ќе ве наградат со многу цветови. Жолтеникавите листови најчесто се првиот знак  за недостаток на хранливи материи во почвата што не претставува голем проблем ако навреме реагираме и почнеме повремено да ги прихрануваме.  

Сепак една работа треба да се земи во предвид- ако ги прихрануваме со азот тие ќе имаат изобилство од листови за сметка на цветовите. Затоа користете течно ѓубриво  богато со фосфор кое позитивно делува а цветањето. Водете сметка супстратот односно земјата  да биде влажна а се препорачува да се прихранува непосредно после полевањето.

Исечете ги прецветаните цветови и овенатите листови

Чистењето на овенатите листови и прецветаните цветови  е најважна мерка за нега на цвеќињата после полевањето и прихраната. Важно е да се отсранат бидејќи овенатите делови ќе почнат да гнијат, а тоа ги зголемува шансите за создавање на гливични заболувања. Со отстранување на  прецветаните цветови се поттикнува растот на нови цветни пупки и на расението му овозможува континуирано цветање.

При чистењето можете и да ги изрежите премногу долгите  гранки и да го исправите растението со потпорни стапови. Чистете ги цвеќињата од прашина, пајажина и од штетници.

Заштита на растенијата во текот на летото

Многу е важно да се прати појавата на болести и штетници и да се реагира во вистинско време. Многу често може да се појават болести како ‘рѓа, трулеж и појава на штетници. Штом  ги забележите првите симптоми на промена на бојата на листовите или на цветовите отстранете ги. За заштита можат да се користат и голем број природни препарати на база  на лук, пепел и сл.  

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:балконски цвеќињаодгледувње на цвеќињаЦвеќиња
Претходен напис Со правилна прихрана, до богат и здрав принос на лубеници
Следен напис Производството на расад за пиперки бара посебни услови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?