Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: За прв пат после 23 години и со карго транспорт, се извезе свежо македонско јагнешко месо во Јордан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: За прв пат после 23 години и со карго транспорт, се извезе свежо македонско јагнешко месо во Јордан
АгровестиПазариСточарско производство

МЗШВ: За прв пат после 23 години и со карго транспорт, се извезе свежо македонско јагнешко месо во Јордан

Последна измена: 12/05/2020 09:08
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

За прв пат после 23 години и со авионски карго транспорт, вчера се изврши извоз на свежо разладено македонско јагнешко месо во Јордан.

Се работи за извоз на 2.000 јагниња, откупени од домашните одгледувачи на овци, кои со авионски транспорт  вчера доцна попладне се извезоа во Јордан.

„Овој извоз го најавивме уште пред два месеци, барајќи алтернативни пазари за извоз на јагнето и за решавање на кризата за извозот на јагнето поради пандемијата од вирусот КОВИД 19, и целта ја остваривме. После 23 години, денес повторно македонското јагне се извезува во Јордан. Околу 30 тони свежо разладено македонско јагне заминува на пазарот во Јордан“, изјави министерот Димковски.

Диркеторот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов посочи дека со отворањето на пазарот во Јордан, се отвораат нови пазари не само за јагнето туку и за другите македонски земјоделски производи.

„Преговорите со надлежните служби од Јордан почнаа уште на почеокот на годината. Успешно ги завршивме со усогласување на здравствено-ветеринарниот сертификат за извоз на македонско јагне во Јордан, и еве започна првиот извоз. АХВ и понатаму останува посветена да работи на отворање на нови пазари и да ги договара со странските земји здравствените гаранции за македонското јагне“, изјави директорот Атанасов.

Поради пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД 19, годинава извозот на јагниња се одвива со намален интензитет, особено на традционалните пазари. Од почетокот на извозот на јагне, МЗШВ и АХВ беа во постојана комуникација со амбасадите, откупувачите и одгледувачите на јагне со цел да најдат пазари за македонското јагне. Поради кризната ситуација, за да им се помогне на одгледувачите на овци, МЗШВ ја зголеми вкупната финансиска поддршка за женско јагне на 2.500 денари по грло.

Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Македонија

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка
Народна банка: Макроекономската слика за економијата не е значително променета во споредба со октомвриските проекции
Таг:вирусизвозјагнејорданкоронасерта компани
Претходен напис Август во Мај – следните денови температури и до 35°C
Следен напис Со правилна прихрана, до богат и здрав принос на лубеници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?