Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со пари од ЕУ ќе се прават 87 пречистителни станици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ЕУ > Со пари од ЕУ ќе се прават 87 пречистителни станици
ЕУ

Со пари од ЕУ ќе се прават 87 пречистителни станици

Последна измена: 24/04/2025 22:05
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

За Република Северна Македонија, најголемите предизвици за Поглавјето 27 остануваат во областа на управувањето со води и отпад. Акцискиот план за имплементација на Директивите за отпадни води и вода за пиење предвидува вкупен трошок од околу 1,2 милијарди евра и рок за имплементација до 2041 година.

Со овие средства е предвидена изградба на 87 пречистителни станици, од кои 16 ќе имаат напредно терциерно пречистување, додека за системот за управување со отпад се потребни околу 300 милиони евра.

Меѓу главните проекти поддржани од ЕУ се затворањето на дивите депонии, изградбата на регионални системи за управување со отпад во пет региони и изградбата на пречистителна станица за отпадни води во Скопје, беше речено на денешната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити со Мајкл О’Флаерти, комесар за човекови права при Советот на Европа, кој престојува во неколкудневна посета на Северна Македонија.

За време на средбата, Меџити ја изрази определбата на Република Северна Македонија да ги интензивира напорите за целосно усогласување на законодавството и државните системи со законите и политиките на Европската Унија во областа на животната средина и климата.

„Овие напори јасно се рефлектираат во секторските стратегии и политики кои вклучуваат силни законодавни мерки, зајакнување на националните капацитети за имплементација на правото на ЕУ, како и значителни инвестиции во инфраструктурата и новите технологии“, рече Меџити на средбата, додавајќи дека во процесот на хармонизација со европското законодавство, Северна Македонија може да бара транзициски периоди, особено за Поглавјето 27, како едно од најпредизвикувачките и најскапите за земјите што преговараат со ЕУ.

Ова поглавје е дел од Кластерот 4, кој вклучува области како што се патната инфраструктура, дигитализацијата, обновливите извори на енергија и заштитата на природните ресурси.

Може да ви се допадне

Брисел: Конференција – „Осигурување и пристап до финансии за отпорност и адаптација на земјоделството во ЕУ“
Рафуна и Азески разговараа за нормализирање на протокот на прехранбени производи на македонско-косовската граница
ЕУ се согласува за одговор на царините на Трамп, но не може да се согласи околу пристапот
Германци бегаат од оваа работа иако заработуваат 3.000 евра месечно: Се потешко е да се задржат и странските берачи
Трипуновски: Околу 13.000 тони македонско јаболко извезено во првите два месеци оваа година
Таг:евраеуМеџитисеверна македонија
Претходен напис Германци бегаат од оваа работа иако заработуваат 3.000 евра месечно: Се потешко е да се задржат и странските берачи
Следен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 24.04.2025 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?