Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со одлука на Владата зголемена поддршката за оризопроизводителите кои немаат сертифициран семенски материјал
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со одлука на Владата зголемена поддршката за оризопроизводителите кои немаат сертифициран семенски материјал
Агровести

Со одлука на Владата зголемена поддршката за оризопроизводителите кои немаат сертифициран семенски материјал

Објавено 14/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цената на оризот е променлива категорија, што од година во година зависи од многу фактори согласно условите што ги диктира пазарот и е договор меѓу производителите и откупувачите, истакна денеска владиниот портпарол Душко Арсовски во однос на барањата на производителите на ориз за фиксна откупна цена на оризот и зголемување на субвенциите.

– Тоа што е факт е дека просечната цена на пазарите на големо од реколтата 2020 изнесува 56,82 денари за килограм. Оваа цена е повисока споредена со изминатите четири години. Исто така, и цената на оризот на пазарите на мало е повисока. Во 2020 достигнува до 73,10 денари за килограм, што е раст од осум проценти споредено со 2018 и 2019 година, истакна Арсовски.

Тој посочи дека на барање на оризопроизводителите, Владата дополнително донела одлука за зголемување на висината на финансиската поддршка за подмерката за ориз без сертифициран семенски материјал.

– Со направената измена се зголеми поддршката за земјоделците кои немаат сертифициран семенски материјал на 25 илјади денари за површина до пет хектари, а оние земјоделци кои имаат површини од пет до 50 хектари ќе добијат финансиска поддршка од 30 илјади денари по хектар – објасни Арсовски.

Тој додаде дека со оваа одлука Владата им излегува во пресрет на оризопроизводителите во напорите да се амортизираат последиците од коронакризата. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:оризопроизводителиподдршка
Претходен напис Викендов Галичка свадба – Катерина и Филип се младенците оваа година
Следен напис Од почетокот на годинава над 100 милиони евра странски инвестиции во државава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?