Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од почетокот на годинава над 100 милиони евра странски инвестиции во државава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од почетокот на годинава над 100 милиони евра странски инвестиции во државава
Агровести

Од почетокот на годинава над 100 милиони евра странски инвестиции во државава

Објавено 14/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од почетокот на оваа година во Технолошките индустриски развојни зони се потпишани нови договори со вкупен обем на инвестиции од 65 милиони евра, а вкупно на ниво на држава износот на странски инвестиции е над 100 милиони евра, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

На новинарско прашање колкави се очекувањата да достигнат бројките на странските инвестиции до крајот на годината, Арсовски потенцира дека според податоците на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во моментов се водат преговори за над 30 нови инвестициски проекти од постојни и потенцијални инвеститори кои се присутни во државава и кои во наредниот период треба да донесат над 400 милиони евра инвестиции и нови 8.500 работни места.

Тој посочи дека Владата и Дирекцијата за ТИРЗ работат посветено на подобрување на економските перформанси во зоните и деловната клима.

– Конкретен резултат на таа посветена работа е забележан како рекорд на економска активност и во првиот и во вториот квартал во последните четири години. Само во вториот квартал од 2021 година извозната активност во индустриските зони достигна 763 милиони евра, што е за 140 проценти повеќе од истиот период лани. Значи 140 проценти повеќе од лани, 12 проценти во однос на 2019, додека во однос на 2018 порастот е околу 27 проценти – рече владиниот портпарол Аровски.

Тој нагласи дека извозната активност и во јуни годинава е највисока на месечно ниво споредено со изминатите четири години и достигна ниво од 239 милиони евра, што е за 25 милиони повеќе во споредба со истиот месец минатата година.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:инвестиции
Претходен напис Со одлука на Владата зголемена поддршката за оризопроизводителите кои немаат сертифициран семенски материјал
Следен напис (ВИДЕО) Младите од проектот „Договорно производство на органска пиперка“: Со класа е подобар нашиот пипер, другарите прво не веруваа, но догодина и тие ќe садат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?