Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Со ИПАРД 3 за седум години во македонското земјоделство ќе влезат инвестиции од 250 милиони евра


Со ИПАРД 3 Програмата чија временска рамка е од 2021 – 2027 година, во македонското земјоделство ќе влезат инвестици од 250 милиони евра. Програмата е проектирана на 97 милиони евра иако не е исклучена можноста средствата да се зголемат, а првиот повик се очекува да биде објавен во периодот јуни – јули 2022 година.

Како што беше речено на денешната деветта сесија на тема „Предизвици во програмирањето и реализацијата на програмата ИПАРД III (2021 – 2027)“ што ја одржува Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој чиј домаќин е Националната конвенција за ЕУ во земјава, Програмата предвидува осум мерки од кои четири се веќе акредитирани, една е претходно програмирана, но не и акредитирана и три се целосно нови. Во најава е и уште една, деветта мерка.

Предвидени се три нови агроеколошки мерки: за органско производство, за локални акциски групи (ЛАГ-ови) и за советодавни услуги во земјоделството. Последната мерка што се наујавува е од областа на шумарството, а ќе се вметне за три години од сега.

Програмата има и неколку новини од кои дел се веќе усвоени, а за дел течат преговорите. Една од подобрите според надлежните и производителите, е авансното финансирање од 50 отсто од повратот на инвестицијата за која се аплицира. Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 отсто, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 отсто од средствата или 30.000 евра.

Новина е и тоа што како корисник на ИПАРД средствата ќе може да се јави т.н. здружено-правно лице за колективни инвестиции во примарно производство или преработувачка индустрија. Тоа може да се задруги, организација или група производители, правно лице формирано од повеќе индивидуални производители регистрирани во МЗШВ, како и правно лице формирано од здружение или асоцијација.

Со новата ИПАРД 3 Програма, се планира да се зголеми и прагот на минимална инвестиција што досега беше на многу ниско ниво.

-Конечната верзија на ИПРАД 3 Програмата треба да биде доставена во Брисел на 15 ноември 2021 година и да се усвои од Европската комисија во половината на декември или пред крајот на годинава. Имплементацијата ќе почне кон средината на 2022 година, со првите јавни повици, а последните исплати може да се реализираат заклучно со 31 декември 2030 година. Вредноста на ИПАРД 3 е 97 милиони евра. Нашите очекувања се дека оваа проекција нема да оди надоле, туку е можно да се зголеми. Во Програмата се вметнати сите досега акредитирани мерки, за инвестиции во примарно производство,  преработувачка индустирја, диверзификација и развој на бизниси во рурални средини и техничка помош (организации на настани, обуки), рече Живко Брајковски од Телото за управување со ИПАРД, презентирајќи ја драфт верзијата на ИПАРД 3 Програмата.

Дали првиот повик ќе биде објавен во јуни – јули 2022, зависи од Брисел.

-Овојпат доцни Брисел. Регулативата за имплементација на ИПАРД 3 е донесена пред девет дена, на 20 септември годинава, но покрај неа, за потребите на реализација на Програмата треба да се усвојат уште регулативи и спогодби – документи за правен основ. Ако Програмата се усвои во декември, се надевам дека ќе успееме за акредитираните мерки да објавиме прв повик во јуни – јули 2022, истакна Брајковски.

Во однос на ИПАРД 2, беше речено на сесијата, искористени ќе бидат сите расположливи средства.

-Вкупниот буџет на ИПАРД 2 тежи 60 милиони евра и релативно сме блиску до негово целосно исцрпување. Интересот за европските пари е голем и досега не е изгубено ниту евро. Моментно се одобруваат апликациите од последниот јавен повик што се затвори на 6 септември, проектиран на 13,5 милиони евра. Стигнати се 250 апликации со кои се бараат вкупно 32 милиона евра, информираа од Платежната агенција.

Според Агенцијата, земјава е на највисоко ниво сме од сите останати држави во регионорт кои го користат ИПАРД инструментот. Тие од нас дури и бараат експертиза за техничка помош.

-Релативно касно почнавме со имплементација на Програмата. Во 2017 година се објави првиот јавен повик, со мерките за инвестиции во материјални средства за земјоделски стопанства, за инвестиции во преработувачка индустрија и за диверзификација на фарми. Објавени се вкупно седум повици на кои пристигнаа 4 160 апликации, а склучени се примени а 2.094 договори се склучени со вкупна сума од 64,965 милиони евра. Сепак, исцрпени ќе бидат сите средства, напоменаа од Платежната агенција.

Најголем предизвик, укажаа, останува немањето човечки ресурси.

Извор: МИА

Сеп 29, 2021agrotim4
Водостојот на повеќето реки под просекот за септемвриЛутите пиперчиња можат да презимуваат - како да ги зачувате до пролет?

Напишете коментар Откажи одговор

29/09/2021 ФондовиЗемјоделство, ипард 31,395

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019
×