Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Телото за управување при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ја продолжуваат кампањата за информирање и запознавање на пошироката јавност за можноста и достапноста на инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма 2021-2027 (ИПАРД 3).
Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на Мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој јавен повик е 29 март 2025 година.
4-ти март 2025 година (вторник), инфо средби ќе се одржат во:
• Босилево, со почеток од 11:00 часот во салата во Домот на култура;
• Василево со почеток од 14:00 часот во салата во Домот на култура.
5-ти март 2025 година (среда), инфо средби ќе се одржат во:
• Конче, со почеток од 11:00 часот во општинската сала;
• Радовиш со почеток од 14:00 часот во општинската сала.
6-ти март 2025 година (четврток), инфо средби ќе се одржат во:
• Берово, со почеток од 11:00 часот во општинската сала;
• Виница со почеток од 14:00 часот во општинската сала.
7-ми март 2025 година (петок), инфо средби ќе се одржат во:
• Неготино (о. Врапчиште) со почеток од 13:00 часот во салата во Дом на култура;
• Гостивар, со почеток од 15:00 часот во салата при АД ЕСМ, ХЕЦ Маврово – Гостивар.
Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат и на следниве веб страници и телефонски броеви:
Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460 и 070/229-434 (сектор за одобрување на проекти), 070/229-328 (сектор за одобрување на исплати) и
Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.
