Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како до неповратен ИПАРД грант за преработка на овошје, зеленчук, грозје, винарии…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Како до неповратен ИПАРД грант за преработка на овошје, зеленчук, грозје, винарии…
Фондови

Како до неповратен ИПАРД грант за преработка на овошје, зеленчук, грозје, винарии…

Последна измена: 14/04/2025 21:15
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Јавниот повик бр. 01/2025 од ИПАРД III програмата за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ претставува одлична можност за набавка на нова опрема за преработка на сопственото земјоделско производство и инвестиции во директен маркетинг. Листата на прифатливи инвестиции во набавка на нова механизација, опрема и машини е голема, а во продолжение ќе се задржиме на прифатливите трошоци поврзани со постбербени активности, преработка на фарма и директен маркетинг на сопственото производство.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

Во рамки на јавниот повик 01/2025 може да се аплицира и за набавка на нови машини и опрема за преработка на сопственото земјоделско производство.

На пример, доколку имате насад со лешници, преку ИПАРД Мерка 1 можете да инвестирате во набавка на машини и опрема за пост-бербени активности, преработка и маркетинг на лешниците: сушење, производство на путер од лешници итн.

Или, доколку имате лозје можете да инвестирате во набавка на машини и опрема за производство на сок од грозје, шира или вино.

Основен предуслов е да имате регистрирано земјоделско стопанство во ЕРЗС (како семејно земјоделско стопанство, индивидуален земјоделец или трговско друштво), и да произведувате:

1. Овошје и зеленчук, вклучувајќи компири и мешункасти култури

2. Шира од грозје, сок од грозје и вино

3. Млеко и млечни производи

4. Јајца, месо и производи од месо

Локацијата на земјоделското стопанство може да биде во било кое населено место во Македонија.

ИЗНОС НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Основната поддршка преку оваа мерка е во форма на неповратен грант кој покрива 60% од прифатливите трошоци во рамки на инвестицијата.

Процентот на кофинансирање се зголемува до:

  • 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (линк до листата)
  • 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 до 40 години)

Максималната финансиска поддршка што може да се додели на поединечен проект изнесува до 750.000 евра.

Минималниот износ на вкупни прифатливи трошоци изнесува 20.000 евра. Проектни апликации со вкупен буџет помал од 20.000 евра нема да се разгледуваат.

ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ

  • Опрема за прием, собирање и складирање
  • Опрема за манипулација, товарање и растоварање, виљушкари, подвижни ленти
  • Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, премачкување со восок, класирање, ладење, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали
  • Опрема за мерење на тежина
  • Опрема за предладење, ладење и замрзнување
  • Опрема за сечење, мелење и подготовка за преработка
  • Опрема за де-аерација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација
  • Резервоари, танкови
  • Опрема за конзервирање, сушење, дехидрација, замрзнување
  • Опрема за полнење, пакување и етикетирање
  • Опрема за зашеметување, навлажнување, загреавање и вадење на внатрешни органи
  • Опрема за сечење и вадење на коски
  • Опрема за следење на квалитет, контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибувија
  • Опрема за третман на отпад, валоризација, манипулација и складирање
  • ЦИП опрема за чистење, опрема за преработка, мелачи на грозје, опрема за филтрирање (филтри), пумпи танкови за ферментација и стабилизација, опрема за дестилација, преса за добивање на шира, танкови за зреење, резервоари за складирање и буриња
  • Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните

За подготовка на проектни апликации јавете се на
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Српските млекари и сточари бараат итна средба со министерот за земјоделство
Брисел: Конференција – „Осигурување и пристап до финансии за отпорност и адаптација на земјоделството во ЕУ“
Објавен јавен повик за земјоделски задруги
КРАЕН РОК 09.05.2025: Грант до 600.000 денари за нова земјоделска механизација и опрема
Србија: Министерството воведува ред на пазарот за млеко
Таг:01/2025АФПЗРРзеленчукземјоделствоИПАРДјавен повикјајцаМерка 1млекоовошјерастително производствосточарство
Претходен напис Утре и во петок сончево и потопло, викендот облачно со локален дожд
Следен напис Без струја делови од Рашче, Кисела Вода и Зелениково, вода ќе нема на повеќе улици во Центар и Карпош
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?