Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што содржат и како делуваат биостимулаторите?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Што содржат и како делуваат биостимулаторите?
Растително производство

Што содржат и како делуваат биостимулаторите?

Објавено 22/03/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Биостимулаторите ги зголемуваат приносите, ги намалуваат штетните последици од сушата, измрзнувањето, механчиките и хемиските оштетувања и вирусните инфекции. Со нивната примена се намалува и употребата на ѓубрива.

При пресадување на отворено поле или во незагреани пластеници на садниците доаѓа до моментален абиотски стрес и привремен застој на растот на растението. За тоа подобро да се прилагоди на новата средина и да го продолжи непречено растот и развојот, може да се третира со биостимулатор.

Кој биостимулатор и во која фаза да се примени?

Станува збор за физиолошки активни состојки кои на растенијата им помагаат во растот и развојот. Со синергиско делување, нивните компоненти меѓусебно влијаат на составот почва-растение-корен. А од посебно значење е кој и во која фаза да се примени.

Биостимулаторот што содржи хуминска киселина, аминокиселини, протеини, пептиди, полисахариди и витамински комплекс, активно помага кај развојот на коренот на расадот и ја зголемува отпорноста на коренот во случај на третирана почва со пестициди или на засолена почва. Фолијарно на база на аминокиселини (пролин и триптофан) ја зголемуваат фотосинтетската активност на растението, помагаат побрзо надминување на забавениот раст на расадот кој е предизвикан од неповолните услови на околината.

Група биостимулатори кои содржат глукозиди (енергетски фактори на раст) и аминокиселини (арганин и асапарагин) се активни состојки кои го стимулираат развојот на коренот (ризогенеза). Тие имаат посебно значење дека може да се применат од фазата на берба до пресадувањето или подоцна. Бидејќи опасноста од пропаѓање на растението е најголема при расадувањето, тие стимулираат создавање на нови изданоци на коренот и кореновите влакненца и помагаат за побрзо опоравување на растението од стресот предизвикан со пресадувањето.

Што содржат и како делуваат биостимулаторите?

Биостимулаторите содржат амино киселини, а докажано е дека примената на овие природни споеви во хидропонското одгледување на домати позитивно влијае на растот на растенијата.
Покрај аминокиселините, некои биостимулатори содржат и хуминска киселина која позитивно влијае на ртењето, растот на коренот и надземната маса како и на големината на плодовите на доматот и пиперката.

Биостимулансите се „непрехенбени“ производи кои можат да ја намалат употребата на ѓубрива и да го зголемат приносот и отпорноста на температурни стресови и позитивно влијаат на растот и физиологијата на растенијата. Повеќето од нив содржат растителни хормони, аминокиселини, хуминска киселина.

Хуминските киселини влијаат на зголемување на растот на коренот и внесот на вода, подобрување на растот на растенијата поради зголемен вкус на хранливи состојки како што се N, Ca, P, K, Mg, Fe, Zn и Cu и врзување на токсичните елементи како алуминиум и кадмиум. Примената на хуминската киселина исто така ја подобрува фотосинтезата, густината на хлорофилот и дишењето на коренот на растението што резултира со поголем раст на растението.

Аминокиселините помагаат во зголемување на концентрацијата на хлорофил во растението што доведува до поголем степен на фотосинтеза, а делуваат и како прекурсори или активатори на фитохормони и состојки за раст во растенијата.

Ја намалувата потребата на количина ѓубриво

Најновите трендови во производство на зеленчук водат кон намалување на употребата на ѓубрива, особено кога се во прашање азотните. Намалување на нивното користење можно е во случај на ефективно користење на состојките од страна на растението со оглед на тоа дека е познато оти растенијата не го искористуваат во целост она што се наоѓа во медиумот на растот.

Со употребата на биостимулатори може да се намали нивната примена како на отворено поле така и на хидропонско одгледување, каде што посебен акцент е на заштита на околината, па такво одгледување со нивна примена станува стратешко производство на зеленчук во пластеници во смисла на зачувување на околината. Исто така е докажано дека со нивната примена се зголемува вкупната содржина на азот во листот и стапката на фотосинтеза како и концентрацијата на растителни пигменти.

Примената на овие производи влијае на зголемување на ртењето на старото семе, како што е докажано кај пченката и сојата, целерот, магдоносот, салатата и празот. Кај мешунките тоа исто така има позитивно влијание на поголем принос на зрната и протеините, а последица е поголема хранлива вредност на културата.

Истражувањата опфатиле доста градинарски култури. Покажуваат порано плодоносење и поголеми приноси во првите берби на плодови, а со примена на биостимулаторите се зголемува приносот на плодот во зависност од ѓубрењето со азот и калиум без влијание на елементарниот систем на плодот. Со нивна примена не само што може да се зголеми приносот и да се намали стресот во случај на неповолни температури, туку се намалуваат и штетните последици кај сушата, измрзнувањето, механичките и хемиските оштетувања како и кај вирусните инфекции на растението.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:биостимулатори
Претходен напис Колкави се цените за закуп на земјоделско земјиште во ЕУ?
Следен напис Сандра Георгиевска, енолог во винаријата „Камник“: Ме фасцинира производството на белите вина, тие се како мали деца кои треба да се хранат и воспитуваат
1 коментар 1 коментар
  • Златко напиша:
    на 25/06/2023 г. во 12:11 часот

    Имам тутун шест декари и забавен е растот и развојот на коренот и стеблото од временските неприлики дали би било добро да го направам со био стимулатор со препаратот ИСАБИОН

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?