Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што можеме да научиме од мравките за земјоделството?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Што можеме да научиме од мравките за земјоделството?
Магазин

Што можеме да научиме од мравките за земјоделството?

Објавено 21/01/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделството е несомнено едно од најголемите достигнувања на човештвото. Токму тoa ги постави темелите на цивилизацијата овозможувајќи ѝ на човечката популација да добива храна и на тој начин да расте и да се шири. Иако многумина би помислиле дека човекот дошол на идеја да ја обработува земјата, би можеле да се излажете, а ако се запрашате кој би можел да биде земјоделец пред човекот, сигурно нема да помислите дека тоа биле мравките.

Овие мали инсекти одамна направија промена и од ловци-собирачи станаа фармери и тоа многу одамна пред луѓето. Мравките се земјоделци до таа мера што, заедно со неколку други видови, сами одгледуваат храна за консумирање.

Имено, мравките веќе 60 милиони години одгледуваат разни печурки во јужноамериканската џунгла и за свој опстанок се потпираат на одгледуваните печурки. Во замена за грижата за нивните посеви со печурки, штитејќи ги од штетници и патогени, обезбедувајќи им стабилни услови за растење во подземните гнезда, снабдувајќи ги со хранливи ѓубрива, мравките добиваат стабилно снабдување со храна. Овие системи за одгледување печурки се израз на впечатливи колективни организации усовршувани милиони години.

Студија од Универзитетот во Копенхаген, покажува дека овие мравки познати како Leafcutters, (во превод како мравки кои сечат лисја) би можеле да бидат на прво место во однос на земјоделските вештини.

„Мравките успеаја да одржат начин на живот во земјоделството во текот на 60 милиони години климатски промени, а се чини дека овој вид мравки се способни да одгледуваат еден вид култиватори во различни живеалишта, од пасишта до тропски прашуми“, објаснува Џонатан Шик, доцент на Катедрата за биологија на Универзитетот во Копенхаген. Преку теренска работа во дождливите шуми во Панама, тој и истражувачите од Тропскиот истражувачки институт Смитсонијан проучувале како мравките кои одгледуваат печурки користат храна за да управуваат со компромисот помеѓу сè поспецијализираните производствени предности на овој вид и сѐ поголемата чувствителност на варијации на животната средина.

Ние луѓето во нашите посеви сме одгледале одредени понапредни карактеристики, без разлика дали станува збор за вкус или текстура, но овие придобивки од припитомувањето на посевите може да резултираат и со зголемена чувствителност на заканите од временските услови и штетниците, што бара зголемена употреба на пестициди и наводнување. Едноставно кажано, ги ослабуваме растенијата во замена за вистински вкус и принос.

„Мравките се чини дека се соочија со сличен компромис меѓу приносот и ранливоста бидејќи нивните посеви станаа поспецијализирани, но тие исто така развија многу паметни начини да преживеат милиони години. На пример, тие станаа импресивни архитекти, често копајќи софистицирани и климатски контролирани подземни комори за раст и оранжерии каде што можат да ги заштитат своите габи од штетни елементи“, тврди Шик.

Понатаму, овие мали суштества се чини дека можат внимателно да ги регулираат хранливите материи што ги користат за одгледување на нивните посеви. За да ги проучат што е можно поблиску, Шик и неговиот тим поминале повеќе од сто часа лежејќи на земја во прашума во вреќи покрај гнездото на мравката. Вооружени само со пинцети, тие „краделе“ ситни парчиња лисја и други супстрати од мравките, додека мравките се враќале од потрага по храна.

„На пример, нашите нутритивни анализи на растителните супстрати кои ги хранат мравките покажуваат дека тие собираат лисја, плодови и цвеќиња од стотици различни дрвја од прашумите. Овие растителни супстрати содржат богата мешавина на протеини, јаглени хидрати и други хранливи материи како натриум, цинк и магнезиум. Оваа мешавина на хранливи материи може да ги таргетира специфичните нутритивни потреби на нивните габични посеви“, објаснува Шик.

Значи, што можеме да научиме од мравките?

Со текот на годините, мравките своето собирање листови го прилагодиле на потребите на печурките во еден вид органско земјоделство, без помош на технолошкиот напредок кој од друга страна пак им помагаше на земјоделците во текот на милениумите.

Прашањето е дали е можно едноставно да се копираат нивните генијални методи?

„Бидејќи нашите растителни култури бараат сончева светлина и затоа мора да се одгледуваат над земја, не можеме директно да ги пренесеме методите на мравките во сопствените земјоделски практики, но практиките на мравките обезбедуваат гарантирано снабдување со храна без да се наруши околината од што секако можеме да научиме многу и да ги примениме во човековата пракса“, открива Шик.

Ако го споредиме ова со сегашните земјоделски техники меѓу луѓето, како што се уништувањето на шумите, употребата на трактори кои испуштаат штетни гасови и употребата на хемиски пестициди по цена на биолошката разновидност и здравјето на животната средина, тогаш секако можеме да ги имитираме мравките и да се обидеме да научиме да живееме во склад со другите видови и да се занимаваме со поеколошки земјоделски активности.

„И луѓето и мравките почнаа како ловци-собирачи, а подоцна станаа земјоделци, па ќе биде фасцинантно да се види како ќе изгледаат човечките системи за 60 милиони години“, заклучува Џонатан Шик.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:земјоделствотомравкинаучиме
Претходен напис Ковачевски: Создаваме одржлив, профитабилен и конкурентен земјоделски сектор, владините мерки и ИПАРД Програмата даваат резултати
Следен напис Николовски од министерската конференција во Берлин: Заеднички да работиме на подобрување на земјоделските и прехранбените производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?