Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Создаваме одржлив, профитабилен и конкурентен земјоделски сектор, владините мерки и ИПАРД Програмата даваат резултати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Создаваме одржлив, профитабилен и конкурентен земјоделски сектор, владините мерки и ИПАРД Програмата даваат резултати
Агровести

Ковачевски: Создаваме одржлив, профитабилен и конкурентен земјоделски сектор, владините мерки и ИПАРД Програмата даваат резултати

Објавено 20/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Ресен ја посети фабриката „Деалтаск Фреш“, која е позитивен пример како преку максимална искористеност на владини мерки и програми, како и на ИПАРД Програмата, може да се развие и зајакне македонското производство. Ковачевски истакна дека компаниите и земјоделците ги препознаваат придобивките од ИПАРД, а „Деалтаск Фреш“, е уште една успешна ИПАРД приказна. Компанијата, парите од европските фондови ги инвестирала во модерна опрема, а исто така оваа компанија е дел од зелената трансформација на државата, и тие инвестирале во фотоволтаици, препознавајќи ја исплатливоста на оваа инвестицијата посебно во услови на енергетска криза.

„Потврда за нашата одговорност и сериозниот пристап кон европските фондови, е што Владата предводена од СДСМ во период од 2017 до 2022 година има склучено 2.363 договори со финансиска поддршка од 80 милиони евра од кои 60 милиони се од Европската Унија, а 20 милиони евра се национално кофинансирање. Ние сме единствена Влада досега која плански располага со средства и во целост ги користи парите од ИПАРД програмата. Парите во целост ги насочуваме кон земјоделците, бидејќи на долг рок тоа значи профитабилно и конкурентно земјоделство, но и основа за развој на македонската економија.

Политиките што ги креира Владата се сеопфатни и никого не изоставуваат, без разлика дали станува збор за проекти за развој на општините, за мерки за ублажување од енергетската криза, дали се работи за програми од европски фондови, ние мислиме на секого, затоа што сите граѓани за нас се подеднакво важни“, изјави премиерот.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:ИПАРД
Претходен напис Револуција во лекување на пчелите: Како делува првата вакцина против американската гнилост?
Следен напис Што можеме да научиме од мравките за земјоделството?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?