Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски од министерската конференција во Берлин: Заеднички да работиме на подобрување на земјоделските и прехранбените производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски од министерската конференција во Берлин: Заеднички да работиме на подобрување на земјоделските и прехранбените производи
Агровести

Николовски од министерската конференција во Берлин: Заеднички да работиме на подобрување на земјоделските и прехранбените производи

Објавено 21/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на министерството денес учествува на 15-тата Берлинска Конференција на министрите за земјоделство, која се одржува во рамки на меѓународниот саем Зелена Недела во Берлин.

На годинешната Берлинска Конференција 70 министри за земјоделство од целиот свет, разговара како да ја подобрат соработката и заеднички да создадат одржливи глобални системи за храна.

Министрите за земјоделство заеднички го утврдија и текстот на финалното коминике за заеднички одговор на глобаните кризи, нагласувајќи ја важноста од преземање навремени и брзи активности за справување со актуелната криза со храна, со цел да се постигнат одржливи системи за храна.

„Глобалните кризи бараат глобален одговор и акција. Подготвени сме заеднички да ги ублажиме последиците од климатските промени и исцрпувањето на природните ресурси, а истовремено и да ги задоволиме потребите за исхрана на нашето население. Истражувањата, иновациите, дигиталните решенија како и размената на искуства можат да придонесат многу за воспоставување на систем за храна отпорни на кризи. Преку одговорна чесна работа, можеме да го зачуваме биодиверзитетот, здравјето на почвата како и нашите традиционални култури. Ајде заедно да работиме и соработуваме, и да ги подобриме земјоделските и прехранбени производи со што ќе му овозможиме на цело население пристап до здрава и безбедна храна. “, истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Министерот Николовски заедно со министрите за земјоделство од Западен Балкан учествуваше на состанокот со Постојната работна група за регионален рурален развој SWG-RRD каде дебатираа за трансформација на системите за храна како глобален одговор на повеќекратните кризи во контекст на Зелената Aгенда за Западен Балкан.

Добрата регионална соработка и солидарност, отворените граници и слободното движење на стоки и луѓе и отворениот пазар се нашите главни сили за соочување со глобалните предизвици во последните години. Само заедно и обединети можеме да ги надминеме сите предизвици.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:берлинзелена неделаниколовски
Претходен напис Што можеме да научиме од мравките за земјоделството?
Следен напис Времето денеска променливо облачно, попладне со пообилни врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?