Сите ја сакаат компир манџата, а приготвена според овој рецепт таа е највкусна.
Состојки:
- 2 големи компири
- 2 парчиња пилешки стек
- 1 главица кромид
- 2 моркови
- малку лук во прав
- 1 зелена пиперка
- сол, бибер и сув зеленчук
- сецкан магдонос
- За запршка: малку брашно и црвена пиперка
Подготовка:
Кромидот, морковот, компирот, пиперката и стекот се сецкаат на помали парчиња. Во тенџере прво на најсилна температура се загрева масло, штом се загрее се намалува температурата и се додава кромидот. Се пржи околу 2-3 минути, потоа се додава морковот и пиперката, се пржи 1 минута, а потоа се додава пилешкото месо. Кога на пилешкото се гледа малку бела боја, се додава компирот и се пржи уште 2 минути и тогаш се зачинува. По пржењето, се додава вода до половина тенџере и се остава да се вари околу 5 минути. Потоа се трга на друга рингла и се прави запршка во тава со малку вода, масло, брашно и црвен пипер додека малку не згусне. Кога запршката ќе се згусне, се додава во чорбата, се враќа на ринглата да се вари. Чорбата се промешува добро да се соедини со запршката. Се вари уште околу 40 минути или додека компирот не омекне. Во сварената чорба се додава сецкан магдонос.
МИА

