Стартап е компанија која е во првата фаза од своето работење. Овие компании често на почетокот се финансираат од своите претприемачки настроени основачи кои се трудат да стекнат капитал со развиените продукти или услуги за кои тие веруваат дека постои побарувачка, пишува Pari.com.mk
Поради лимитираните приходи или високите трошоци, повеќето од овие микрооперации се краткорочни и несоодветни за долгорочно работење без дополнително финансирање од надворешни финансиери.
Разбирање на зборот стартап
На крајот од 90-тите години на 20 век најчестиот вид на стартап бил .com, односно интернет бизнисот. Во тоа време било многу лесно да се обезбеди инвестициски капитал, бидејќи имало голема фама помеѓу инвеститорите кои шпекулирале со потенцијалите на овие нови типови на бизниси.
За жал, повеќето од овие интернет стартапи пропаднале поради основни пропусти во нивните бизнис-планови како што е, на пример, недостаток на одржливи приходи. Секако, постојат и голем број од оние кои ја преживеаја стартап фазата кога експлодира .com балонот. Интернет библиотеката Amazon.com и интернет аукцискиот портал eBay се примери за такви компании. Подоцна од нив се појавија и брендови како Facebook, Airbnb, Uber, SapceX и други.
Стартапите треба да инвестираат време и пари во истражување. Пазарното истражување помага да се утврди побарувачката на одреден продукт или на одредена услуга. Стартапот бара детален бизнис-план кој ќе се води во согласност со мисијата и визијата на бизнисот како и со квалификуван менаџмент и добра маркетинг стратегија.
Текстот во целост на следниот линк
