Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Штитести вошки во лозарството и овоштарството и нивна контрола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Штитести вошки во лозарството и овоштарството и нивна контрола
Совети

Штитести вошки во лозарството и овоштарството и нивна контрола

Последна измена: 19/12/2019 09:50
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Во последните неколку години, во некои лозарски региони кај нас забележуваме зголемена појава на штитестите вошки во виновата лоза. Во наши услови кај виновата лоза се појавуваат неколку видови на штитести вошки од кои најзначајни се Pseudoccocus sp., Planoccocus ficus и Pulvinaria vitis. Овие видови со својата исхрана на виновата лоза, излачуваат медна роса која е богата со јаглехидрати, која може да се акомулира на листовите и гроздовите, и може да служи како хранлива подлога за развој на сапрофитски габи кои имаат црна мицелија. Појавата на медна роса на гроздовите ја намалува пазарната вредност на грозјето, и таквото грозје не е погодно за свежа консумација како и за производство на вино. Исто така од друга страна, штитестите вошки се значајни вектори на вируси кај виновата лоза. За нивно сузбивање неопходна е примена на соодветни инсектициди. Притоа, за ефикасна контрола на штитестите вошки во виновата лоза, потребно е да се извршат третирања за време на мирување на вегетацијата, во зимскиот период, како и за време на вегетацијата. Во зимскиот период, за субивање на стадиумите кои презимуваат, наша препорака е примена на бело масло BIOPROTEKT во концентрација од 1% заедно со исектицидот RELDAN 22 EC (chlorpyrifos-methyl) во доза од 2-3 L/ha. Рано на пролет, при почетокот на вегетацијата, обично кога ластарите се со должина од 15 до 20 cm, започнува полагањето на јајцата и движењето на првите ларвени степени, и тогаш потребно е да се изврши третирање со инсектицидот HARPUN (pyriproxyfen) во доза од 1 L/ha, кој делува како регулатор на порастот на инсектите и поседува овицидно дејство (на јајцата) и го спречува преминот на штитестите вошки од ларва во адулт (возрасен инсект), во комбнација со инсектицидот RELDAN 22 EC во доза од 2 L/ha, кој делува контактно, дигестивно и со пареи (гасна фаза) на сите ларвени степени и имагата на штитестите вошки. Кога зрната на гроздовите ќе достигнат големина на грашок се појавува втората генерација, и за сузбивање на ларвите и имагата од оваа генерација го препорачуваме инсектицидот CLOSER 120 SC (sulfoxaflor) во доза од 0,4 L/ha. CLOSER 120 SC делува контактно и дигестивно, на ларвите и имагата, а во растенијата се движи системично (акрипетално и базипетално).

Во праската и нектарината во изминатите неколку години, поточно од 2008 година во околината на Росоман, за прв пат е забележана појавата на црничковата штитеста вошка Pseudaulacaspis pentagona. Овој вид, се смета за економски значаен штетник на праската, нектарината, кајсијата, црницата, голем број на украсни и декоративни растенија, а забележана е и како штетиник кај доматот и пиперката. Во наши услови овој штетник, на праската и нектарината развива до 3 генерации годишно, а презимува во стадиум на оплодена женка. За контрола на овој штетник на коскестото овошје, покрај агротехничките мерки кои треба да се превземат, неопходна е примена на соодветни инсектициди. Затоа, првото третирање е потребно да се направи во зимскиот период, односно за време на мирување на вегетацијата. За таа цел препорачуваме примена на бело масло BIOPROTEKT 10 L/ha, заедно со инсектицидот RELDAN 22 EC 2-3 L/ha (chlorpyrifos-methyl) кој делува и со пареи. Во фенофаза на бабрење на папките започнува полагањето на јајцата од првата генерација, и затоа во овој период го препорачуваме инектицидот HARPUN (pyriproxyfen) кој делува на јајцата на штитестата вошка. Доколку пред почетокот на цветање или после цветањето, се забележи појава на ларви тогаш го препорачуваме инсектицидот RELDAN 22 EC во доза од 2 L/ha или CLOSER 120 SC (sulfoxaflor) во доза од 0,4 L/ha кој покрај штитестата вошка ефикасно ја контролира и зелената праскова вошка Myzus persicae. Првата генерација започнува со полагање на јајцата во средина на месец јули. За сузбивање на јајцата и ларвите од втората генерација препорачуваме примена на исектицидите HARPUN (pyriproxyfen) 1 L/ha + CLOSER 120 SC (sulfoxaflor) 0,4 L/ha. Втората генерација започнува со полагање на јајца во средина на месец септември, и за контрола на третата генерација, на крај од септевмри и почетокот на октомври, препорачуваме примена на инсектицидот RELDAN 22 EC во доза од 2-3 L/ha.

Подготвил: м-р Васко Манев

„ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“

Може да ви се допадне

Пламеница на КОМПИР и ДОМАТ Phytophora infestans
Каснувањето од поскок има страшни последици: Ако ве касне, времето почнува да тече брзо! Еве колку минути имате
Нов вирус им се заканува на пиперките: Во Шпанија се заразени повеќе од илјада хектари
(ВИДЕО) Кога и како да се засадат лубениците во градината
Пестициди, бактерии и јајца од паразити на јагодите: Миењето со вода не е доволно, запомнете две правила
Таг:лозарствонектаринапраскаштетникштитна вошка
Претходен напис Шапуриќ: Досега се откупени 60 отсто од количествата тутун во земјава, просечната цена е повисока од ланската
Следен напис ЕК тврди дека договорот Меркосур ги исполнува климатските цели на ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?