Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шапуриќ: Досега се откупени 60 отсто од количествата тутун во земјава, просечната цена е повисока од ланската
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шапуриќ: Досега се откупени 60 отсто од количествата тутун во земјава, просечната цена е повисока од ланската
Агровести

Шапуриќ: Досега се откупени 60 отсто од количествата тутун во земјава, просечната цена е повисока од ланската

Последна измена: 18/12/2019 20:45
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Откупот на тутунот во земјава тече непречено и по неполн месец се откупени 60 отсто од планираните 26.000 тони, а просечната цена е повисока од ланската, констатира директорот на Државниот земјоделски инспекторат Зоран Шапуриќ кој денеска беше на увид на откупот во приелпскиот Тутунски комбинат.

-По непоилн месец од почетокот на откупот на тутунот, може да констатирам дека од планираните околу 26.000 тони тутун, досега се откупени околу 16.000 тони, што е 60 отсто од целата реколта. Ова е историски првпат забележано со таков интензитет да се откупи тутунот. Просечната цена варира, дополнително ќе имаме показатели, но факт е дека е повисока од ланската што беше 217 денари за килограм откупен тутун, изјави Шапуриќ.

Тој нагласи дека деветте откупувачи во земјава откупуваат непречено и исплаќаат во предвиденте рокови, па дури и порано.

-Речиси нема забелешки за текот на откупот. На вагите се поверениците на тутунарите и од 1.000 случаи има само две-три забелешки. Тоа е минимално и се тече регуларно, посочи  Шапуриќ.

Прилепскиот тутунски комбинат, според генералниот директор Кирил Станкоски смета дека ќе преземат количества тутун и повеќе од предвиденото, а просечната цена е историски највисока.

– Нема никаков проблем со текот на откупот. Се откупува на 25 пункта во Прилеп и во пелагонискиот регион. Процесот тече непречено, се исплаќа по еден ден од откупените количества и нема никакви проблеми. Просечната цена допрва треба да се анализира зашто се носат делумни количества тутун за откуп, но факт е дека е највисока досега, рече Станкоски.

Годинашнава реколта тутун е со висок квалитет и главно поминува во прва и втора класа, смета и тутунопроизводителот Горан Каранфилоски.

-Задоволен сум, се проценува реално. Тутунот, главно поминува во прва и во втора класа. Просечната цена, кај мене е од 220 до 230 денари за килограм. Имам произведено околу 3.500 килограми, а досега донесов за откуп околу 1.500 килограми тутун. Добро е, вели Каранфилоски.

Според темпото што не е забележано последните 20-ина години, откупот на тутунот од годинашнава реколта се очекува да заврши пред законските рокови, до 15 јануари. 

Може да ви се допадне

АФПЗРР на 63-та конференција Pantha Rhei
Просечната нето плата во март 44 763  денари
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Германска бизнис делегација на средба во Стопанската комора 
Состојба на патиштата
Таг:килограмоткуптутунценашапуриќ
Претходен напис Работен состанок на министерот Трајан Димковски со директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта Љујзим Фејзулаи
Следен напис Штитести вошки во лозарството и овоштарството и нивна контрола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?