Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕК тврди дека договорот Меркосур ги исполнува климатските цели на ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > ЕК тврди дека договорот Меркосур ги исполнува климатските цели на ЕУ
Пазари

ЕК тврди дека договорот Меркосур ги исполнува климатските цели на ЕУ

Објавено 19/12/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Спогодба за слободна трговија со Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај придонесува за исполнување на климатските амбиции во Европа, изјави еврокомесарот за трговија, Фил Хоган.

Но, за климатските активисти и за земјоделците, спогодбата со четирите земји од Меркосур, склучена ова лето, претставува ризик за Европа. За земјоделците стравот доаѓа од можна нелојална конкуренција од јужноамериканските земји, додека екологистите предупредуваат дека земјоделската политика на бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро ја уништува амазонската шума, политика која ја обвинуваат за драматичните пожари минатото лето.

Хоган, сепак, смета дека оваа спогодба ќе овозможи да се отвори дијалог за спорните прашања.

-Ова значи дека ќе бидеме во можност да дискутираме со Бразил и со другите земји од Меркосур за нивните ангажмани до 2030 година во рамките на оваа спогодба, а тоа не беше случај пред спогодбата, истакна Хоган пред европратениците.

Тој потсети дека Меркосур договорот содржи посебно поглавје за трговијата и одржливиот развој во кој е вклучена правно обврзувачка клаузула за спроведување на климатскиот договор од Париз.

  • Европската Комисија ќе остане претпазлива во спроведувањето на спогодбата, наваде еврокомесарот.

Една од клучните политики кои ќе ги води новата Европска Комисија е токму Зелениот пакт, со јасни заложби за постигнување на климатска неутралност до 2030 година.

Спогодбата со земјите од Меркосур треба формално да биде потпишана на крајот на 2020 година, додека Франција, Ирска, Австрија и Луксембург се меѓу земјите кои се против.

Може да ви се допадне

Директорката на АФПЗРР, Даниела Иротова Лазарева на официјална средба во Брисел
Министерот Трипуновски во Брисел на средби со претставници на Европската комисија
Зголемувањето на пензиите за 1.000 денари од 1 март помина на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
Муратовска: Ако Брисел ги исполни барањата на превозниците, огромни придобивки за развој на економијата во државава и во Западен Балкан
Од 1 јануари во Брисел стартува забрана за дизел возилата со Еуро 5 и бензинците со Еуро 2 стандарди
Таг:Бриселеврокомесаркомисијаспогодбахоган
Претходен напис Штитести вошки во лозарството и овоштарството и нивна контрола
Следен напис Кои критериуми носат најмногу бодови за мерката „Рурална жена“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?