Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шапуриќ: Откупната цена на оризот повисока од лани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Шапуриќ: Откупната цена на оризот повисока од лани
Растително производство

Шапуриќ: Откупната цена на оризот повисока од лани

Последна измена: 09/03/2020 11:37
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се силно посветени на унапредувањето на земјоделското производство, изјави директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ за време на посетата на кочанскиот регион, потенцирајќи дека откупната цена на оризот е повисока од минатата година.

Како што соопшти Државниот инспекторат за земјоделство, за време на престојот во Кочанско, Шапуриќ посетил повеќе компании кои вршат откуп на ориз, помеѓу кои и „Левиди Агро“, „Еко Зрно“ и „Даниво“, каде разговарал со менаџментот и вработените во овие компании.

– Притоа, тој се интересираше за текот, динамиката и цените на откупот на оризот и ги посети производните капацитети каде што се врши откупот на оризот. Во разговорите беше констатирано дека откупот се одвива веќе неколку месеци без некои проблеми и дека се очекува да заврши до крајот на месец април. Откупната цена на оризот се движи помеѓу 50 и 52 денари и е повисока од ланската цена, се додава во соопштението.

Шапуриќ нагласил дека улогата на Државниот инспекторат за земјоделство не се состои само од репресивна контролна компонента, туку има и превентивна улога и дека е во постојана комуникација и со производителите на земјоделски производи и со откупувачите и дека субвенциите за оризот во изминатите години се зголемени.

Тој ја посетил и подрачната единица на Државниот инспекторат за земјоделство во Кочани, каде со вработените разговарал за соработката со другите надлежни институции за сузбивање на долгогодишна негативна појава на палење на земјоделско земјиште.

Може да ви се допадне

Максимов: Трговците знаат да си ја зголемат маржата по однос додавање „крш“ во оризот, граѓаните тоа не го знаат 
(ВИДЕО) Трипуновски смирува: Уште денеска ќе биде пуштена водата, земјоделците да бидат спокојни
Од петок до 10 часот наутро – сите цени во маркетите и аптеките мора да бидат ажурирани
Во застој откупот на оризот од минатогодишното производство
Трипуновски: Се подготвуваме за претстојната сезона на сеидба на ориз
Таг:инспекторатконтролаоризтереншапуриќ
Претходен напис За секоја годишнина од бракот Васе добива подарок лозје од сопругот
Следен напис Како да произведете ракија од тревки?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?