Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Како да произведете ракија од тревки?


За производство на ракија од тревки најчесто се користи лозова ракија, со јачина од 35-50% алкохол.

За ароматизирање и подготовка на ракија треварка се употребуваат избрани ароматични растенија во количина и состав спрема сопствени рецепти на производителите со основна карактеристика да преовладуваат ароматични компоненти карактеристични за секое подрачје. Извлекувањето на аромата од ароматичните растенија може да биде со дестилација. Добиената арома на пијалокот може да биде синтеза од сите мирисни состојки или пак може да доминира вкусот на едно растение.

За ароматизирање на пијалокот се употребуваат одбрани ароматични растенија, цели или некои делови од нив: корен, лист, цвет, плод, кора и стебло. Тревките обично се додаваат во сува а поретко во свежа состојба. За ароматичните растенија е важно да се набрани во вистинско време, правилно да се сушени и чувани така да не ги изгубат своите ароматични состојки. Многу е важно кај кај производството на ароматизирани ракии исушените тревки да не се постари од неколку месеци. Тревките стари две или повеќе години не одговараат за да се додаваат во ракијата.  

Од поголемиот број „треви“ најчесто се користат следниве: Salvia officinalis- жалфија (гранчиња), Mentha piperita-мента (гранчиња), Thymus vulgaris-мајчина душичка (гранчиња), Galluna vulgaris- вресок (гранчиња), Artemisia absianthium- горски пелин (листови), Juniperus communis-смрека (зрели бобинки).

Ракијата треварка може да се произведе на два начина:

1. Сите горе споменати тревки можат во потребната количина да се стават во ракијата и да се остави да отстои, после тоа мора да се филтрира, најчесто низ газа.

2. Споменатите тревки ставете ги во помала количина на ракија и нека отстојат дваесетина дена . Добиената мешавина додадете ја во остатокот од ракијата.

Кога ќе ја ставете ракијата треварка во шишиња, вметнете во шишето гранче од една тревка, зашто делува многу декоративно а таквото шише може да се искористи и како подарок.

Мар 9, 2020agroadmin
Шапуриќ: Откупната цена на оризот повисока од ланиУтре завршува рокот за мерката за финансиска поддршка од 20.000 евра за млади земјоделци

Напишете коментар Откажи одговор

09/03/2020 Магазиндомашно производство, тревки602

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019