Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Семејната фарма на Андреј од Чардаклија одгледува пуштени кокошки: Пораката што сакам да ја упатам до младите фармери е секој да излезе на пазарот со свој производ по кој ќе биде препознатлив
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Семејната фарма на Андреј од Чардаклија одгледува пуштени кокошки: Пораката што сакам да ја упатам до младите фармери е секој да излезе на пазарот со свој производ по кој ќе биде препознатлив
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Семејната фарма на Андреј од Чардаклија одгледува пуштени кокошки: Пораката што сакам да ја упатам до младите фармери е секој да излезе на пазарот со свој производ по кој ќе биде препознатлив

Објавено 26/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Семејната фарма Коко Фарм, лоцирана во штипското село Чардаклија одгледува пуштени кокошки. Ова е едно од првите одгледувалишта на кокошки во Македонија што пред 6 години се одлучила да ги одгледува на ваков алтернативен начин. Андреј од Коко Фарм ја раскажува својата успешна приказна.

„Ние сме Коко Фарм – семејна фарма за одгледување на пуштени кокошки во с. Чардаклија Штип. Со генерации сме поврзани со животните и научени сме да ги сакаме, почитуваме и да се грижиме за нив со особено внимание. Токму затоа ние бевме едни од првите одгледувалишта на кокошки во Македонија што пред 6 години се одлучи да ги одгледува на ваков алтернативен начин. Грижата и љубовта кон кокошките ја покажуваме преку почитување на нивната слобода, правилна исхрана без употреба на штетни супстанци, одлични услови за дневен престој на отворено, безбедна и топла фарма за спиење преку ноќ. За ова работиме, за ова се трудиме и за ова пропагираме хуман пристап во живинарството.“ вели Андреј.

Кокошките поголемиот дел од денот го поминуваат во огромниот двор.

„Нашето јато има просторна фарма во која ги поминува ноќите и во која може да се засолни доколку времето е ладно и огромен двор во кој го поминува поголемиот дел од денот.“

Освен што добиваат оброци од проверено локално производство, кокошките можат да јадат се што ќе најдат во земјата.

-Исклучително внимание посветуваме на исхраната на нашето јато. Житарките што се вклучени во секојдневните оброци се од проверено локално производство, а покрај нив, кокошките го имаат и луксузот да јадат се што ќе најдат во земја. Во нивниот двор има секогаш по некоја овошка или јатка што придонесува за уште поздрав производ.“

„Она што не позиционира пред останатите конкуренти е фактот што нашите јајца стигнуваат свежи до крајниот потрошувач. Секое јајце е рачно собрано, исчистено без никакви препарати, спакувано и доставено лично од нас.“, велат од Коко фарм.

Од фармата велат дека ќе продолжат да се борат за укинување на кафезното чување на кокошките.

„Ние работиме и ќе работиме на иницијативата за укинување на кафезното чување на кокошките, затоа што силно се бориме за правата на животните и нивната експлоатација. Пораката што сакам да ја упатам до младите фармери е секој да излезе на пазарот со свој производ по кој ќе бидат препознатливи, да ги следат и практикуваат современите трендови и алатки, да создадат една примамлива маркетинг приказна за својот производ бидејќи само така можат да бидат успешни во модерното време.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) ТУРКАНИЦИ И СТАМПЕДО ЗА ЈАЈЦА ВО ВЕЛЕС: Бесплатната поделба излезе од контрола – интервенираше полицијата!
Македонското земјоделство низ бројки: Повеќе тутун, сончоглед, јајца и млеко, сè помалку жито, зеленчук и овошје
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Сребрени јајца за Велигден: Трик што ги излуди домаќинките – брзо и лесно
Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла
Таг:јајцаКоко фармпуштени кокошкичардаклија
Претходен напис Се излеа Вардар во Зелениково, има зафатено 15 до 20 метри од нивите, ЦУК побара намалување на истекот на Козјак и Матка
Следен напис Поради големиот прилив на житарки, ЕК размислува за враќање на царините на украинскиот извоз во ЕУ
1 коментар 1 коментар
  • Gjorgi напиша:
    на 26/01/2023 г. во 11:57 часот

    moze li da se dobie kontakt od farmata

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?