Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Селами од Тетово: Сите земјоделци што ќе ги исполнат условите, ќе добијат пари од Мерка 113
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Селами од Тетово: Сите земјоделци што ќе ги исполнат условите, ќе добијат пари од Мерка 113
Фондови

Селами од Тетово: Сите земјоделци што ќе ги исполнат условите, ќе добијат пари од Мерка 113

Објавено 21/02/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вечерва во Тетово, во организација на Земјоделските здруженија „ГРАДОТ НА ПЧЕЛИТЕ“ и „ПОЛОШКИ МЕД“, се одржа инфо сесија за мерката 113 – МЛАД ЗЕМЈОДЕЛЕЦ.

-Голем број земјоделци, пчелари и сточари имаат интерес за оваа мерка и беше потребна инфо сесијата за да се дознаат начините како да се исполнат критериумите за да се добие помошта од Министерството и Агенцијата. За оваа мерка максимална вредност на прифатливи трошоци е 20 000 евра и претставува висок износ, истакна Дритон Дикена од „Градот на пчелите“.

На средбата присуствуваа и Државниот секретар на МЗШВ, Нефрус Челику, Министерот без ресор, Хисен Џемаили и заменик директорот на Платежната агенција, Абдул Селам Селами.

-Мерките кои ги носи Владата се во интерес на поголем развој на земјоделското производство. Покрај редовните субвенции, деновиве актуелен е повикот за мерка 113 со која земјоделците имаат можност да аплицираат и искористат 20 000 евра државна поддршка. Како што веќе соопштија од МЗШВ, сите што ќе ги исполнат пропишаните услови и критериуми ќе бидат корисници на оваа мерка – истакна Селами.

Најмногу од присутните земјоделци се занимаваат со пчеларство и токму за инвестициите во пчеларството беа најголем дел од прашањата.

– Дали како прифатлива инвестиција може да биде набавка на пчелни семејства или на пчелни сандаци?

-Набавката на пчелни сандаци  може да биде прифатлива инвестиција, но износот на пчелните сандаци  не смее да  изнесува повеќе од 20% од вкупната прифатлива инвестицијата за да може корисникот да  добие 30 поени . Додека набавката на пчелни семејства не може да биде прифатлива инвестиција – одговори претставникот од АПРЗ.

Едно од прашањата беше и дали за објектите во кои ќе бидат  сместени машините за доработка,  чување, ладење  на земјоделските производи ќе треба да се доставува имотен лист со кој ќе се докажува сопственост ?

На што се одговори дека нема потреба да се  доставува имотен лист за објектите во кои ќе биде поставена опремата.

Замерките на земјоделците беа во делот на финансирањето, односно фактот дека прво треба да се обезбедат средствата, а потоа ќе се вратат од страна на државата.

-Овие пари се за да инвестирате во земјоделското производство, не мора сите 20 000, можете да аплицирате за 5000 евра, толку колку што ви се потребни за одредена инвестиција или колку што сте способни во моментов да инвестирате – изјави советникот Петре Петревски од АПРЗ.

Државниот секретар на МЗШВ, Нефрус Челику уште еднаш ја потенцираше важноста од ваквите средби кои се значајни за земјоделските производители.

-Големиот интерес за инфо сесијата покажа дека пчеларите се сериозни производители и дека оваа сточарска гранка бележи развој. Во тоа секако голем придонес имаат земјоделските здруженија кои им помагаат околу едукација и информации, а Министерството за земјоделство и натаму ќе ги слуша сугестиите на земјоделците во носењето на мерките кои се од значење за нивниот развој но и за вкупниот аграр – изјави Челику.

Повикот за мерката 113 е до 10 март, а Агротим ќе ги користи сите можности да ги информира земјоделците и едуцира со цел да се искористат овие средства кои се наменети за нив, младите до 40 години.

Може да ви се допадне

Постапка за издавање согласност за градење на помошни објекти, оранжерии на земјоделско земјиште
Закон за земјоделско земјиште: Изградба на објекти на земјоделско земјиште
Пчелари од Делчево и регионот на првиот Саем на пијанечки мед
Исплатени средствата за Мерка 112 „Млад земјоделец“
Дополнителни директни плаќања за одделни категории носители на земјоделско стопанство
Таг:инфо сесијамлад земјоделецобјектипчелари
Претходен напис Генералното собрание на Обединетите Нации ја прогласи 2020 година, за Меѓународна година на здравјето на растенијата
Следен напис Задругарството кај нас, можности, услови и предизвици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?